Дефанзивецот на Наполи, Алесандро Бонџорно, увери дека играчите на тимот имаат доверба во својот тренер Антонио Конте иако медиумите го наведуваат спротивното.
„Среќни сме со победата над Аталанта, но мора веднаш да ја вратиме енергијата. Секогаш сме имале доверба во тренерот, како што тој има во нас“ – рече Бонџорно.
„ Вложуваме сè на теренот и трошиме многу енергија за да победиме. Сите сме насочени кон теренот “ – рече фудбалерот на тимот од Италија.

