Author: dino

Фудбалерот на Интер, Маркус Турам, вели дека вчерашниот пораз од Милан во градското дерби во рамките на 12 коло во Серија „А“, не смее да влијае на перформансите на екипата.   „Точно е дека беше голем натпревар, но, само е ноември, има уште многу натпревари пред нас“ – рече црномурестиот фудбалер на „нероаѕурите“. „Кога ја губиме топката, стануваме ранливи. Знам дека загубивме но, мислам дека сме на вистинскиот пат“ – потенцираше Турам.

Read More

Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, кој беше исклучен во 62-та минута на гостувањето кај Кремонезе, вели дека не можел да ги контролира емоциите. „Бев лут за многу работи пред паузата а во второто полувреме не кажав ништо за фаулот врз Џанлука Манчини. Не реков ни збор“ – рече Гасперини.   „Четвртиот судија можеше да ме казни за моите протести во ситуацијата со поништениот пенал но, не и во второто полувреме“ – рече тренерот на „волчицата“.

Read More

Арсенал го доби дербито на северен Лондон против Тотенхем а тренерот на победничкиот состав, Микел Артета, вели дека неговите фудбалери одиграле одличен меч. „Ова е посебен ден за нас. Знаевме колку е важен овој натпревар и што значи за нашите навивачи. Прекрасно е да можеме да им дадеме таква радост“, рече Шпанецот. „Топчиите“ по 12 кола остануваат лидери на табелата во Премиер-лигата со шест бодови предност во однос на Челзи и седум пред Манчестер Сити.

Read More

Фудбалерите на Тотенхем загубија на гостувањето кај Арсенал со 4:1 а нивниот тренер, Томас Франк, вели дека неговиот тим одиграл далеку под очекувањата. „Многу болен пораз. Нема да го кријам фактот дека игравме ужасно. Можеме само да им се извиниме на навивачите“ – рече тренерот на „спарси“. „ Денеска немавме доволно желба за победа. Немаме конзистентност а тоа влијае на нашата игра“ – рече Франк.

Read More

Формула 1 тимот на Астон Мартин по трката во Лас Вегас ја заврши соработката со резервниот возач, Фелипе Друговиќ.   Тој се активираше во британскиот тим во 2022 година откако ја освои титулата во Формула 2. Друговиќ во наредниот период ќе биде активен во светски шампионат во Формула Е. Бразилецот во четири сезони не доби шанса да биде во болидот на Астон Мартин на официјална трка во така наречениот – „циркус на тркала“.  

Read More

Челниците на Олимпијакос не се откажуваат од намерата да го ангажираат кошаркарот на Башакшехир, Малачи Флин, наведуваат дел од медиумите. Според нив, грчкиот клуб доставил нова понуда до колегите од Турција кои пак, очигледно не се расположени да се разделат со интернационалецот од САД.  Олимпијакос претходно не успеа да ги договори Мело Трeмбл и Џаред Харпер откако ЦСКА Москва и Хапоел Ерусалим ги одбија понудите.

Read More
NBA

Стив Кер, тренерот на кошаркарите на Голден Стејт, не знае кога главниот поентер, Џонатан Куминга, кој се лекува од повреда ќе се врати на теренот. „ Немавме никакви натпревари, но работевме на вежби со целосен контакт а тој  речиси не учествуваше. Значи, не се движи добро. Немам поим кога ќе игра.“ – рече Кер. „Сега не можам да ви кажам каква е состојбата. Ќе мора да се консултираме со лекарите“ – потенцираше тренерот на „вориорс“.

Read More
NBA

По победата над Филаделфија (127:117), главниот тренер на кошаркарите на Мајами, Ерик Сполстра се освна на добриот почеток на сезоната. „Постојат мали моменти во сезоната кои не треба премногу да се слави, но ние сакаме да ги славиме. Се сомневам дека некој би помислил дека ќе бидеме трети во Источната конференција пред два месецa“ – рече тренерот на Мајами. Неговиот состав изненадувачки се наоѓа на четвртото место на Истокот со 11-ет победи и шест порази.

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер в четврток ќе гостуваат кај ПИК Сегед во новата рунда во групната фаза во Лигата на шампионите. Тренерот на битолчани, Рубен Гарабаја, вели дека мора да се одигра крајно внимателно. „Задоволни сме од триумфот во Битола но, ќе биде потешко од првиот меч, тоа е сигурно. Добро е што полека се враќаме по сите потешки повреди на стартот од сезоната. Тимот е скоро комплетен и ќе можеме да имаме поширока ротација“ – вели Гарабаја. „Имаме голем простор за напредок. Не е време за конечниот расплет во групата, ако можеме, сигурно ќе се бориме за пласман во…

Read More
NBA

Центарот на Детроит , Џејлен Дуран, се врати од повреда на глуждот и постигна 31 поен против Индијан. 21-годишниот кошаркар имаше и 15 скока и 3 асистенции за 29 минути на теренот. мечот поради повреди го пропушти водечките играчи на Пистонси, Кејд Канингем, Тобијас Харис и Оскар Томпсон. Детроит на мечот со Индијана ја оствари својата 10-та победа по ред во НБА лигата.

Read More