Фудбалерите на Тотенхем загубија на гостувањето кај Арсенал со 4:1 а нивниот тренер, Томас Франк, вели дека неговиот тим одиграл далеку под очекувањата.
„Многу болен пораз. Нема да го кријам фактот дека игравме ужасно. Можеме само да им се извиниме на навивачите“ – рече тренерот на „спарси“.
„ Денеска немавме доволно желба за победа. Немаме конзистентност а тоа влијае на нашата игра“ – рече Франк.

