Стив Кер, тренерот на кошаркарите на Голден Стејт, не знае кога главниот поентер, Џонатан Куминга, кој се лекува од повреда ќе се врати на теренот.
„ Немавме никакви натпревари, но работевме на вежби со целосен контакт а тој речиси не учествуваше. Значи, не се движи добро. Немам поим кога ќе игра.“ – рече Кер.
„Сега не можам да ви кажам каква е состојбата. Ќе мора да се консултираме со лекарите“ – потенцираше тренерот на „вориорс“.

