Арсенал го доби дербито на северен Лондон против Тотенхем а тренерот на победничкиот состав, Микел Артета, вели дека неговите фудбалери одиграле одличен меч.
„Ова е посебен ден за нас. Знаевме колку е важен овој натпревар и што значи за нашите навивачи. Прекрасно е да можеме да им дадеме таква радост“, рече Шпанецот.
„Топчиите“ по 12 кола остануваат лидери на табелата во Премиер-лигата со шест бодови предност во однос на Челзи и седум пред Манчестер Сити.

