Формула 1 тимот на Астон Мартин по трката во Лас Вегас ја заврши соработката со резервниот возач, Фелипе Друговиќ.
Тој се активираше во британскиот тим во 2022 година откако ја освои титулата во Формула 2. Друговиќ во наредниот период ќе биде активен во светски шампионат во Формула Е.
Бразилецот во четири сезони не доби шанса да биде во болидот на Астон Мартин на официјална трка во така наречениот – „циркус на тркала“.

