Челниците на Олимпијакос не се откажуваат од намерата да го ангажираат кошаркарот на Башакшехир, Малачи Флин, наведуваат дел од медиумите.
Според нив, грчкиот клуб доставил нова понуда до колегите од Турција кои пак, очигледно не се расположени да се разделат со интернационалецот од САД.
Олимпијакос претходно не успеа да ги договори Мело Трeмбл и Џаред Харпер откако ЦСКА Москва и Хапоел Ерусалим ги одбија понудите.

