Познатиот НБА играч, Пол Пирс, реагираше на отпуштањето на Вили Грин од функцијата главен тренер на Њу Орлеанс. „Тој никогаш немаше здрав состав, никогаш немаше вистинска шанса. Во последните три или четири години, тие се справуваа со постојаните повреди Зијон“ – рече Пирс. „Грин никогаш немаше можност да ја покаже својата вредност во соодветна средина. Тој не може да ги контролира повредите“ – нагласи Пирс.
Author: dino
Тренерот на кошаркарите на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, најави дека се бара соодветна замена за Американецот, Кинан Еванс, кој заработи потешка повреда. „Бараме опции но, многу е тешко. Не сакаме да донесеме обичен играч, туку некој кој е на ниво на плеј-оф на Евро-лигата“ – рече тренерот на грчкиот состав. Олимпијакос со ефект од седум победи и четири порази го има четвртото место во Евро-лигата со амбиции да влезе во разигрувањето за титулата.
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, е заинтересиран за ангажман на фудбалерот на Баерн Минхен, Серж Гнабри, наведуваат медиумите во Англија. 30-годишниот крилен напаѓач ја одработува последната сезона во германскиот состав и засега нема најава дека ќе добие понуда да остане кај Баварците. Гнабри во тековнава сезона одигра девет мечеви во Бундес лигата со ефект од четири голови и три асистенции.
Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Борнамут, Антоан Семењо, заработил повреда на глуждот на пријателскиот меч со Јапонија и принудно ја напуштил селекцијата на Гана. Тој веднаш се врати во Англија и ќе го пропушти пријателскиот натпревар против Јужна Кореја. Семењо е најдобар стрелец во англискиот клуб и неговото евентуално отсуство во наредниот период ќе биде голем хендикеп. Тој на 11 натпревари има 6 голови и 3 асистенции. Борнмут в сабота на домашен терено го очекува мечот со Вест Хем во рамките на Премиер лигата.
Поранешниот тренер на фудбалерите на Јувентус, Тијаго Мота добил понуди од Спартал Москва, објави доцна синоќа – „Калчомеркато“. Специјалистот не одговорил на понудите на рускиот клуб кој исти така се обидел да издејствува ангажман и на поранешниот тренер на Аталанта, Иван Јуриќ. Московјани бараат трајно решение за тренерското место откако ја прекинаа соработката со Дејан Станковиќ.
Поранешниот дефанзивец на Милан, Симон Кјаер, верува дека крилниот напаѓач на „росонерите“, Рафаел Леао е способен за извонредни резултати доколку најде конзистентност. „Да, тоа има смисла. Рафа би можел да биде еден од најдобрите во светот. Само да можеше да научи малку“ – вели Кјаер. „Треба да се подобрува за 1% на ден. Не мислам дека може сам да го направи тоа, има 26 години“ – рече Кјаер.
Капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Енис Барди, пред утрешниот меч со Велс кој ќе решава за второто место во групата и условно кажано полесен противник во баражот на Мундијалот, вели дека сите се подготвени за успех. „Многу добро знаеме колку ни значи овој натпревар, цела македонска јавност, но пред се ние фудбалерите. Секој од нас кога игра во репрезентативнот дрес давал максимум, но посебно утре секој треба да дадеме до последен атом од нашите сили“- вели Барди. „Сакаме да уживаме во натпреварот. Тоа за мене значи да трчаш, да се надигруваш, да бидеш подобар. Се надевам дека утре сите ќе се…
Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски, на денешната средба со новинарите, нагласи, дека Велс игра агресивно со пресинг но, неговите избраници се подготвени да одговорат на предизвикот. „Кога се игра за Македонија јасно е дека мотивацијата е на највисоко ниво а посебно сега во ситуација кога се бориме за една подобра позиција пред плеј-офот за пласман на Светско првенство. Тоа носи силен мотив за надигрување и успех“ – рече Милевски пред утрешниот меч во Кардиф последен во квалификациите за Мундијалот. „Не очекувам многу разлика во однос на претходниот натпревар во Скопје затоа што Велс ќе игра слично. Сите овие…
Легендарниот напаѓач на Англија, Гери Линекер вели дека „трите лава“ ќе имаат тежок период на Светското првенство. „Шпанија е меѓу главните кандидати. Тие имаат фантастичен тим. Англија има многу добри играчи и шанси но, како што знаеме, многу е тешко за нашата земја да го освои Светското првенство“ – рече Линекер. „Исто така мислам дека Франција и Аргентина имаат шанса“ – потенцираше некогашниот репрезентативец на „Гордиот Албион“.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, размилува да ја прекине позајмицата на Клаудио Ечевери во Баер Леверкузен и да го врати во Англија. Во август, германскиот клуб го потпиша 19-годишниот играч од средниот ред на „граѓаните“ на едногодишна позајмица. Луѓето од „Етихад“ не се задоволни од минутажата што ја добива младиот играч и затоа сакаат да разговараат со колегите од Германија. Весникот – „Билд“ тврди дека Ечевери веројатно ќе се врати во Манчестер во текот на зимскиот трансфер период во јануари.
