Тренерот на кошаркарите на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, најави дека се бара соодветна замена за Американецот, Кинан Еванс, кој заработи потешка повреда.
„Бараме опции но, многу е тешко. Не сакаме да донесеме обичен играч, туку некој кој е на ниво на плеј-оф на Евро-лигата“ – рече тренерот на грчкиот состав.
Олимпијакос со ефект од седум победи и четири порази го има четвртото место во Евро-лигата со амбиции да влезе во разигрувањето за титулата.

