Author: dino

Фудбалерот на Бразил, Каземиро, апелира неговиот соиграч Нејмар да се користи во репрезентацијата на „кариоките“ на истиот начин како што Аргентина го искористи Лео Меси на  Мундијалот во 2022 година. „Можете да го оставите Нејмар и да играте околу него. Не е како тој само да стои таму а ние да трчаме наоколу – не, не функционира така“ – рече Каземиро. „ Аргентина играше така: Хулијан Алварез се спушти длабоко а Меси играше како лажна деветка. Тимот се бранеше со низок блок а Меси стоеше напред“ – потенцираше играчот на Бразил.

Read More

Селекторот, Луис де ла Фуенте, изјави дека шпанската репрезентација мора да го задржи својот фокус и покрај тоа што е на добар пат да се квалификува за Светското првенство во 2026 година. „Фуријата вчера ја совлада Грузија а во последното коло ќе биде домаќин на Турција. Матекатика во пресрет на дербито е на страна на Шпанците бидејќи противникот има далеку послаба гол-разлика. „Од почит кон нашиот противник – а имаме големо почитување кон сите тимови, вклучително и Турција – мора да ги држиме главите горе и да го задржиме фокусот“ – рече Фуенте.

Read More

Напаѓачот на Баерн Минхен и репрезентацијата на Англија, Хари Кејн, е уверен дека само головите не се доволни за да се освои наградата – „Златна топка“.   „Можев да постигнам 100 гола оваа сезона но, ако не ја освојам Лигата на шампионите или Светското првенство, веројатно нема да ја освојам Златната топка“ – рече голгетерот на Баварците. „Исто е со Халанд и со секој друг играч. Мора да освојуваш големи трофеи“ – рече Кејн.

Read More

Селекторот на Англија, Томас Тухел, претпочита неговиот тим да го загуби квалификацискиот натпревар против Албанија отколку некој играч да добие непотребен црвен картон што би можел да го спречи да игра на првите натпревари од Мундијалот. Специјалистот нагласи дека ќе разговара на таа тема со своите играчи пред денешниот натпревар. „Доколку се појави таква ситуација и можеме да ја избегнеме, тогаш, секако, нема да има црвен картон. Но, не сакам премногу да зборувам за тоа“, рече Тухел.

Read More

Новиот светски шампион во Мото ГП, Марк Маркез, кој нема да са појави на патеката – „Рикардо Тормо“, призна дека се чувствува чудно. „Вистина е дека се повредив токму кога требаше да ја славам титулата. Од друга страна, тоа беше добар момент бидејќи битката беше завршена“ – рече Маркез. Тој нема да биде на тестирањето во вторник во Валенсија. Неговото враќање на патеките се очекува во февруари во 2026-та година.

Read More

Карлос Алкараз откако го обезбеди првото место на АТП листата за 2025 година, рече дека ќе продолжи да се радува на титулите. „Да се ​​биде број 1 во светот е нешто за кое работам многу напорно со мојот тим секој ден но, тоа е пат по кој не одиш сам. Одиш со целиот твој тим“ – рече најдобриот тенисер на светов. „Тоа ми значи сè и едноставно сум многу среќен. Секогаш го имам семејството што ми дава поддршка“ – потенцираше 22-годишниот Шпанец.

Read More

Фудбалерите, Џошуа Кимих и Нико Шлотербек, кои се опоравуваат од полесни повреди, може да се вратат на теренот на квалификацискиот меч со Словачка закажан в понеделник. Тој дуел е исклучително значаен за „панцирите“ во битката за првото место во групата и пласман на Мундијалот догодина во САД , Канада и Мексико. „Би било одлично за нас ако двајцата можат да се вратат на теренот“ рече селекторот на Германците, Јулијан Нагелсман.

Read More

Првиот човек на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Флорентино Перез, нема намера да се повлече предвреме од функцијата. Шпанските медиуми претходно објавија дека тој може да поднесе оставка но, радио „ COPE“ го негира тоа.Според објавеното, Перез има намера да остане на чело на „кралевите“ барем до крајот на мандатот во 2029 година. 78-годишниот бизнисмен сака да ги заврши своите проекти вклучувајќи ја Супер-лигата и новиот стадион – „Сантијаго Бернабе“.

Read More

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Република Ирска, Тони Каскарино, го критикуваше односот на Кристијано Роналдо која беше исклучен на последниот квалификациски меч на Португалија. „Има нешто вознемирувачко кај Роналдо, како сè да се врти околу него. Тој не изгледа како тимски играч. Чарлтон, Мур, Федерер и Мекилрој не се однесуваа како Кристијано.“ – рече Каскарино. „ Ако ги погледнете неговите достигнувања во фудбалот, тие се навистина извонредни. Но, постои и друга негова страна која понекогаш не заслужува почит“ – рече Каскарино.

Read More
NBA

Тијаго Сплитер, вршителот на должноста главен тренер во Портланд  ги пофали напаѓачките способности на кошаркарот, Шедон Шарп. „Мислам дека Шедон е еден од клучните играчи за нашиот успех. Тој може да шутира надвор од поле. Беше неверојатен против Пеликанс а не беше 100% подготвен“ – забележа Сплитер. Шарп на мечот со Њу Орлеанс имаше 35 поени, пет скока, три асистенции и две украдени топки.

Read More