Селекторот на Англија, Томас Тухел, претпочита неговиот тим да го загуби квалификацискиот натпревар против Албанија отколку некој играч да добие непотребен црвен картон што би можел да го спречи да игра на првите натпревари од Мундијалот.
Специјалистот нагласи дека ќе разговара на таа тема со своите играчи пред денешниот натпревар.
„Доколку се појави таква ситуација и можеме да ја избегнеме, тогаш, секако, нема да има црвен картон. Но, не сакам премногу да зборувам за тоа“, рече Тухел.

