Тијаго Сплитер, вршителот на должноста главен тренер во Портланд ги пофали напаѓачките способности на кошаркарот, Шедон Шарп.
„Мислам дека Шедон е еден од клучните играчи за нашиот успех. Тој може да шутира надвор од поле. Беше неверојатен против Пеликанс а не беше 100% подготвен“ – забележа Сплитер.
Шарп на мечот со Њу Орлеанс имаше 35 поени, пет скока, три асистенции и две украдени топки.

