Првиот човек на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Флорентино Перез, нема намера да се повлече предвреме од функцијата.
Шпанските медиуми претходно објавија дека тој може да поднесе оставка но, радио „ COPE“ го негира тоа.Според објавеното, Перез има намера да остане на чело на „кралевите“ барем до крајот на мандатот во 2029 година.
78-годишниот бизнисмен сака да ги заврши своите проекти вклучувајќи ја Супер-лигата и новиот стадион – „Сантијаго Бернабе“.

