Author: dino

Легендарниот фудбалски напаѓач на Англија, Вејн Руни, вели дека Манчестер Јунајтед има катастрофална трансферна политика гледајќи во минатото. „Тие само потпишуваа големи имиња – погледнете ги Лукаку, Златан, Погба, тие се добри играчи, но клубот само доведуваше ѕвезди и трошеше огромни суми пари“ – рече Руни. Ќе потсетиме дека „црвените ѓаволи“ во текот на летото се ослободија и од скапото засилување, Расмус Хојлун, кој не ги оправда очекувањата.

Read More

Младиот фудбалер на Манчестер Сити, Џереми Доку, изјави дека тимот е фокусиран на сопствената игра и не обрнува внимание на противниците. „Работиме и можеме да станеме уште подобри. Не го гледаме Арсенал или другите тимови бидејќи на крајот знаеме дека сè зависи од нас“ – рече Белгиецот. „Граѓаните“ наредниот предизвик ќе го имаат на 22 ноември кога ќе се сретнат во дербито со Њукасл.

Read More

Кошаркарите на Хапоел тел Авив доцна синоќа ја совладаа Басконија со 114:89 во меч од Евролигата a поентерот во редовите на израелскиот состав, Колин Малком вели дека конкуренцијата е исклучително тешка. „Нема лесни натпревари во Евролигата. Натпреварите се секогаш тешки“ – рече крилниот играч. „Одлично одигравме во нападот. Имавме освоени топки под кошевите и отворени шутеви“ – рече играчот на Хапоел тел Авив.

Read More

Кошаркарот на Панатинаикос, Костас Слукас, го собори рекордот на неговиот сонародник, Василис Спанулис, за најмногу тројки постигнати во Евролигата. Тој на мечот против Париз забележа три прецизни шута зад линијата со што дојде до 521-на тројка во најсилното европско клупско натпреварување.   Тоа му овозможи да стане најдобриот грчки кошаркар во тој статистички елемент. Спанулис има реализирано 518 тројки.

Read More
NBA

Кошаркарот на Лос Анџелес, Бредли Бил, веројатно ќе паузира подолг период поради повредата на колкот, тврдат медиумите во САД. Ветеранот кој пропушти неколку сезонски натпревари допрва ќе оди на дополнителни прегледи за да се утврди времето на рехабилитација. Бил во последниве сезони речиси константно има проблеми со повредите и мораше да пропушти пооглем дел од мечевите во НБА лигата.

Read More
NBA

Ол-стар натпреварот 2025/26 ќе се одржи како мини-турнир. Ќе бидат избрани дваесет и четири играчи и тоа по 12 од секоја конференција, без оглед на позицијата. Учесниците ќе бидат поделени во три екипи: два американски тима и еден светски . Доколку играчите избрани преку гласање не ги исполнуваат критериумите (16 Американци, 8 интернационалци), комесарот на лигата, Адам Силвер, ќе ги додаде другите. Во првите три средби  секој тим ќе игра еден против друг, по што најдобрите ќе се сретнат во финалниот натпревар. Натпреварите ќе траат 12 минути.

Read More

Македонскиот олимписки комитет (МОК) потпиша Меморандумза соработка со Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) и Алијансата за родова еднаквост на работното место (GEA), поставувајќи нови основи за поврзување на спортот, дигиталната економија и родовата еднаквост во нашето општество. Меморандумот беше потпишан од страна на Нина Ангеловска Станков, Претседателка на АЕТМи на Алијансата за родова еднаквост и Даниел Димевски, Претседател на Македонскиот олимписки комитет. „Со оваа иницијатива сакаме да покажеме дека спортот не е изолирана област. Тој може и треба да биде дел од дигиталната економија, да користи иновации и да промовира еднакви можности за сите“ истакна Димевски. „ Денес, без…

Read More
NBA

Кошаркарот на Феникс, Грејсон Ален, забележа 42 поени на мечот со Њу Орлеанс што претставува рекорд во неговата кариера. 30-годишниот поентер постигна 10 тројки со што го собори клупскиот рекорд на „сонцата“ во НБА лигата. Ален во неговата статистика на мечот  против „пеликаните“ додаде и два скока, четири асистенции и три украдени топки.

Read More
NBA

Играчот на Далас, Купер Флег, го изедначи рекордот на Леброн Џејмс како најмлад кошаркар во историјата на НБА кој постигнал 25 или повеќе поени на еден натпревар. Првиот избор на годинешниов драфт застана на 26 поени во победата против Милвоки. Флег на тој начин со 18 години и 324 денови, успеа да го повтори ефектот на легендарниот, Џејмс. Младиот кошаркар на ноќешниот меч забележа 9 скокови, 4 асистенции и 2 украдени топки.

Read More

Кошаркарскиот тим Партизан поднесе жалба против судењето во Евролигата за пресметките со Олимпија Милано, Барселона и Олимпијакос. „Во првите девет натпревари, „црно-белите“ честопати страдаа поради нееднакви критериуми во судењето како и неколку очигледни грешки“, се наведува во соопштението на Партизан. Српскиот тим кој се наоѓа на 18-то место на табелата во најсилното натпреварување на Европа денеска ќе му биде домаќин на Монако.

Read More