Ол-стар натпреварот 2025/26 ќе се одржи како мини-турнир. Ќе бидат избрани дваесет и четири играчи и тоа по 12 од секоја конференција, без оглед на позицијата.
Учесниците ќе бидат поделени во три екипи: два американски тима и еден светски . Доколку играчите избрани преку гласање не ги исполнуваат критериумите (16 Американци, 8 интернационалци), комесарот на лигата, Адам Силвер, ќе ги додаде другите.
Во првите три средби секој тим ќе игра еден против друг, по што најдобрите ќе се сретнат во финалниот натпревар. Натпреварите ќе траат 12 минути.

