Српскиот кошаркарски интернационалец во редовите на Дубаи, Алекса Аврамовиќ, пред мечот со Црвена Ѕвезда во Евро-лигата, вели дека добро ги познава квалитетите на противникот. „Играме против добар и искусен тим кој се потпира на физиката. Имаа серија од седум мечеви, го променија тренерот а новиот им даде енергија“ – вели Аврамовиќ. „Знаеме како да се подготвиме за тој натпревар. Имаме квалитет и знаеме што треба да направиме“ – рече Аврамовиќ.3-годишния играч.
Author: dino
Фудбалерот на Тотенхем, Раду Драгушин, кој по 9 месеци конечно ќе се појави на терените и тоа на пријателски натпревар, нема да биде дел од селекцијата на Романија на мечевите со БИХ и Сан Марино. Медиумите во Англија наведуваат дека тренерот на „спарси“ , Томас Франк, потенцирал, дека играчот ќе помине само краток период во трениг-кампот на Романците и потоа ќе се врати во Лондон. Ќе потсетиме дека Драгушин имаше операција на коленото и долг период беше надвор од ростерот.
Легендарниот фудбалер, Џејми Карагер, вели дека Ливерпул и Манчестер Јунајтед се најголемите клубови во Англија. „Манчестер Сити никогаш нема да биде поголем Јунајтед а натпреварите на Ливерпул против Сити никогаш нема да бидат поголеми од натпреварите на Ливерпул против Манчестер Јунајтед. Тоа нема да се случи“ – вели Карагер. „Ливерпул и Манчестер Јунајтед секогаш ќе бидат двата најголеми тима во Англија. Така e историски“ – рече поранешниот дефанзивец.
Паоло ди Канио, поранешниот напаѓач на Лацио, Милан, Јувентус и Наполи, го пофали тренерот на Интер, Кристијан Киву. „Понекогаш естетиката мора да оди по ѓаволите ако сакате да ја постигнете вашата цел. Треба да бидете специфични, без разлика колку е убава играта“ – рече Ди Канио. „Киву ни ја одзема убавината и грациозноста што ја сакавме но, никогаш не сум видел тимот да игра толку добро во Серија А“ – беа зборовите на поранешниот фудбалер.
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, категорично ги негираше шпекулациите дека може да се раздели со тренерот, Антонио Конте. „Ги прочитав приказните за оставката на Конте. Ги сакам социјалните медиуми затоа што се модерен и брз начин да ги изразите вашите мисли“ – објави Де Лаурентис. „ Горд сум што до мене, Наполи и играчите, има вистински човек како Антонио Конте, кој е способен да ја жртвува секоја секунда од својот живот за својата професија со екстремна посветеност“ – напиша првиот човек на Наполи на социјалните мрежи.
Челниците на кошаркарскиот состав Далас немаат намера да се разделат со Даниел Гафорд откако потпишаа тригодишен договор вреден 54 милиони долари. Иако „ Маверикс“ имаат слаб почетокот на сезоната во НБА, Гафорд останува единствениот висок играч под обрачите откако Дерек Лејви се соочува со здравствени проблеми. Гафорд одигра пет натпревари во тековнава сезона со просек од 8,8 поени, 4,4 скока и 1,4 блокади. Т
Главниот тренер на кошаркарите на Милвоки, Док Риверс, имаше само пофални зборови за работата на двократниот шампион во НБА, Раџон Рондо, кој му се приклучи во тренерскиот штаб почетокот на сезоната. „Одличен е. Гледа многу снимки. Буквално ги држи момците и вели: „Не, не, не, прво ќе ја гледаме снимката“. Играчите постојано го слушаат мојот глас. Одлично е за нив да слушнат некој друг“, рече Риверс. Екипата на Милвоки се наоѓа на 6-то место на Истокот со ефект од шест победи и четири порази.
Стјуардите на синоќешната трка за Големата награда на Сао Паоло во Ф1 објаснија зошто Оскар Пјастри заработи казната од 10 секунди по инцидентот со Андреа Кими Антонели и Шарл Леклер. -На рестартот по безбедносното возило во шестиот круг, автомобилот број 81 (Оскар Пјастри) се обиде да го престигне автомобилот бр12 (Андреа Кими Антонели) од внатрешната страна на првиот свиок. Притоа, неговата предна оска не беше веднаш до ретровизорот на автомобилот број 12, како што е опишано во упатствата, – стои во објавата. Во истата се наведува дека реакцијата на Пјастри влијаше на инцидентот меѓу Антонели и Леклер и дека тоа…
Тимот на Тојота во Светското првенство во рели потврди дека Оливер Солберг ќе го замени двократниот светски шампион, Кале Рованпера, во јапонскиот тим за сезоната 2026. Рованпера ќе се повлече од WRC на крајот од годината за да се фокусира на трките во други конкуренции. Ќе потсетиме дека Швеѓанецот годинава во единствениот старт за Тојота во Рели1 успеа да победи на патеката во Естонија.
Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, потенцира дека актуелниот шампион Ливерпул е во голема криза откако го претрпе и петтиот пораз во Премиер-лигата и заостанува големи 8 бодови зад лидерот, Арсенал. „Ливерпул сега не е кандидат за титулата. Тие се во голем хаос во одбраната. Кризата е тука“ – рече Кин по вчерашниот пораз на „црвените“ од Манчестер Сити. „Ливерпул денеска изгледаше како многу слаб тим иако има квалитет. Со головите што ги примија и лошите одлуки, изгледаа навистина бавно и без организација“ – рече Кин.
