Легендарниот фудбалер, Џејми Карагер, вели дека Ливерпул и Манчестер Јунајтед се најголемите клубови во Англија.
„Манчестер Сити никогаш нема да биде поголем Јунајтед а натпреварите на Ливерпул против Сити никогаш нема да бидат поголеми од натпреварите на Ливерпул против Манчестер Јунајтед. Тоа нема да се случи“ – вели Карагер.
„Ливерпул и Манчестер Јунајтед секогаш ќе бидат двата најголеми тима во Англија. Така e историски“ – рече поранешниот дефанзивец.

