Роб Едвардс ќе биде именуван за менаџер на англискиот фудбалски клуб Вулверхемптон кој се наоѓа на последното место во Премиер лигата. Тој ќе дојде од редовите на второлигашот Мидлсбро а популарните „волци“ за неговиот ангажман, ќе треба да издвојат на име на обештетување околу 3 милиони фунти. Тренерот од Велс веројатно ќе добие договор до 2029 година, велат медиумите во Англија.
Author: dino
Тренерот на Интер, Кристијан Киву, беше задоволен од победата од 2-0 над Лацио. Тој ги пофали своите играчи за нивниот настап и за нивната желба да доминираат а посебно Лаутаро Мартинез. „Тој работи исклучително напорно. Мислам дека секогаш треба да се чувствува мирен. Дефинитивно го инспирира тимот и дава пример на другите“ – рече Киву. „Не е лесно да се одржи ритамот кога играш на секои три дена. Во ротациите секој што влезе играше на ниво и тоа ни овозможува да одмориме дел од фудбалерите“ – рече Киву.
Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, вели дека „волчицата“ има шампионски амбиции откако успеа да го совлада Удинезе и да се пробие на чело на табелата заедно со Интер. „Одлично е што навивачите сонуваат за Скудетото. За процентите и веројатностите ќе зборуваме подоцна. Пристапивме со голема решителност и одржувавме многу високо темпо. Јас сум многу задоволен од натпреварот“ – рече Гасперини. По 11 кола во Серија „А“, екипите на Рома и Интер го делат првото место со 24 бодови пред Милан и Наполи кои имаат по 22 бода.
Раководството на ФК Пелистер преку соопштение информира дека ги прекинува сите институционални односи со ФК Вардар. Битолчани објавија дека во иднина нема да примаат гостински навивачи откако вчера вардаровите – „комити“ скршиле неколку столчиња на трибината на стадионот – „Петар Милошевски“. „Зелено-белите“ дополнително наведуваат дека поради некоректни изјави и постови на највисокото раководство на Вардар, ќе ја прекинат целата комуникацијата со скопскиот тим.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот за пријателскиот дуел против Летонија во Скопје на 13 овој месец и веднаш потоа за гостувањето кај Велс на 18 ноември во последниот меч од квалификациите за пласман на Мундијалот во 2026 година во САД, Канада и Мексико. Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија); Одбрана: Висар Муслиу (Сент, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Бојан Димоски (ТСЦ Бачка Топола, Србија), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски…
Кошаркарот, Џејлен Грин, треба да дебитира во дресот на Феникс на мечот со Лос Анџелес Клиперс. Бекот беше донесен ова лето во размена со Кевин Дурант но, е надвор од терените поради повреда на десниот тетивен мускул. Тој во изминатата сезона во НБА лигата имаше просек од 21 поен, 4,6 скока и 3,4 асистенции.
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, го пропушта почетокот на сезоната. Тој нема да патува на петте натпревари на гостински терен по што останува да се види дали ќе ја искористи можноста да тренира со тимот. „Се надевам дека Леброн Џејмс ќе продолжи според медицинскиот протокол“ – рече тренерот Џеј Џеј Редик. „Немаме конкретен датум за враќање. Се надеваме дека ќе ги заврши сите фази и ќе се врати некаде околу втората или третата недела од ноември“, заклучи главниот тренер.
Кошаркарите на Црвена Ѕвезда вчера го победија Панатинаикос во првиот натпревар од деветтото коло на Евролигата а стратегот на „црвено-белите“, Саша Обрадовиќ, не крие дека е задоволен. „Изгубивме малку фокус и енергија во последниот дел од натпреварот поради големото водство. Тогаш беше потешко да се мотивираме“ рече Обрадовиќ. „Среќен сум пет минути а потоа тоа исчезнува“ – потенцираше тренерот на српскиот состав веднаш по мечот.
Шкотскиот фудбалски репрезентативец, Џон Мекгин, потпиша нов договор до летото во 2028 година. 31-годишникот кој и се приклучи на Астон Вила од Хибернијанс во 2018 година, се гледа како еден од клучните играчи во тимот. Тој е капитен од 2022 година. Претходно соработката со англискиот состав ја продолжија и Мети Кеш , Лука Дињ и Бубакар Камара.
Легендарниот француски фудбалски тренер, Арсен Венгер, вели дека позицијата на Вирц во средниот ред на Ливерпул е погрешна. „Проблемот лежи во барањата што ги постави . За да го комплетира трансферот, тој побара да игра со број 10 а не на крило. Тој потег влијае на Мек Алистер и на Собослај кој сега е принуден да игра на крилната позиција“ – вели Венгер. „Јас да бев таму, Вирц ќе играше лево и ќе имаш слобода на движење. Неговото држење во центарот е стратешка грешка“ – рече Венгер.
