Легендарниот кошаркар, Шекил О’Нил, останал без неговиот Рејнџ Ровер. Автомобилот со кошаркарска тематика бил украден додека се транспортирал од Атланта во Луизијана. Полицијата идентификуваше круг на осомничени но, сè уште не добила никакви резултати. Компанијата што го модифицирала автомобилот нуди 10.000 долари за информации за неговата локација. Логистичката компанија која била задолжена за транспортот, изјавила, дека нејзината внатрешна мрежа била хакирана.
Author: dino
Кошаркарот на Милвоки, Јанис Антетокунмпо, се осврна на убедливата победа против Њујорк во меч од НБА конкуренцијата. „Тие беа многу подобри од нас минатата година, не можевме да им парираме. Значи, ситуацијата беше едноставна“ – рече грчкиот кошаркар. „Ќе се обидеме да останеме фокусирани и да победиме на вториот натпревар по ред“ – рече играчот на Милвоки.
Тренерот на фудбалерите на Аталанта, Иван Јуриќ, по вчерашното реми со Милан во меч од 9 коло во Серија „А“, вели дека неговите избраници не искористиле повеќе шанси. „Мислам дека Аталанта имаше три пати поголем интензитет од Милан. Ние доминиравме цело време, само еден тим се обидуваше да го добие натпреварот“- рече Јуриќ. „Мислам дека одигравме добро и направивме шанси. Навистина е разочарувачки што не освојуваме повеќе бодови“ – потенцираше тренерот на екипата од Бергамо.
Јувентус бара замена за Копмајнерс кој пристигна во клубот во 2024 година откако беше купен од Аталанта за големи 60,7 милиони евра. 27-годишниот играч од средниот ред пристигна во Торино со големи надежи но, неговите досегашни перформанси не се на посакуваното ниво. Според „Фудбал Италија“, раководството на клубот ќе донесе одлука за неговата иднина за време на зимскиот преоден рок.
Фудбалскиот состав на Тотенхем е заинтересиран за напаѓачот на Олимпик Марсеј, Мејсон Гринвуд, наведуваат дел од медиумите. Неговата транферна сума се движи околу 40 милиони евра. Лондонскиот клуб бара динамичен играч кој ќе ја зајакне напаѓачката позиција за наредната сезона. Англичанецот кој има 24-години, досега забележа 12 настапи во сите конкуренции постигнувајќи осум голови и четири асистенции.
Фудбалерот, Џоб Белингам, кој силно се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, нема желба да им се придружи на „Црвените ѓаволи“ на позајмица во јануари, тврди „Мирор“. Според британскиот весник, младиот играч од средниот ред на Борусија Дортмунд, кој има само 20 години, сака во зимскиот преоден рок да се пресели во тим кој учествува во Лигата на шампионите на УЕФА. Џоб нема да ја исклучи можноста за враќање во Англија, од каде што замина во летото, кога го напушти Сандерленд.
Легендарната скијачка, Линдзи Вон, има за цел да се врати на Олимписките игри. Таа има злато во спуст и бронза во супер-велеслалом од Ванкувер во 2010 година, како и бронза во спуст на Игрите во Пјонгчанг во 2018 година. „Немаше да се вратам ако Олимписките игри не беа во Кортина. Ако беа некаде на друго место, веројатно би рекла дека не вреди. Но, има нешто посебно во Кортина што секогаш ме привлекува и ме враќа назад уште еден последен пат“, рече Вон. Таа нагласи дека на 41-годишна возраст нема што да докажува во обидот да се врати на Олимписките игри,
Елиф Елмас вторпат беше стартер во Наполи и го одигра речиси целиот меч против Лече со тоа што сега ја доби убедливо најголемата минутажа. „ По победата во дербито против Интер, беше важно да ја одржиме конзистентноста и да ги вратиме дома трите бода. Понекогаш треба и да страдате за да освоите три бода а токму тоа се случуваше на крајот, – изјавил Елмас. „Многу сум среќен што се вратив во Наполи, тука имав пет прекрасни години. Дојдов во тим кој има многу шампиони“ –рекол Елмас за италијанските медиуми.
Тренерот на Валенсија, Корберан, имаше пофални зборови за нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, кој на вчершаниот меч со нисколигашот, Маракена, успеа да ја зачува мрежата недопрена. „Впечатокот од Димитриевски е многу позитивен, тој го водеше натпреварот многу добро и на крајот имаше клучна одбрана со која ја сочува својата мрежа“ – вели Корберан. „Тој мотивира, му помага на тимот ддавајќи пораки кои внесуваат самодоверба и храброст. Тоа го направи и на теренот“ – изјави Корберан.
Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, денеска го најавија стартот на проектот за изградба на нова современа спортска сала во општина Аеродром, во вредност од над 1 милион евра. Новата сала ќе биде лоцирана зад Фудбалската федерација на Македонија и ќе содржи мултифункционални спортски терени, наменети за различни спортови и активности. Со тоа, ќе се создадат современи услови за младите генерации, учениците и спортските клубови од ова подрачје да тренираат и да се развиваат во здрав дух.
