Елиф Елмас вторпат беше стартер во Наполи и го одигра речиси целиот меч против Лече со тоа што сега ја доби убедливо најголемата минутажа.
„ По победата во дербито против Интер, беше важно да ја одржиме конзистентноста и да ги вратиме дома трите бода. Понекогаш треба и да страдате за да освоите три бода а токму тоа се случуваше на крајот, – изјавил Елмас.
„Многу сум среќен што се вратив во Наполи, тука имав пет прекрасни години. Дојдов во тим кој има многу шампиони“ –рекол Елмас за италијанските медиуми.

