Author: dino

ФК Аеродром реагираше со соопштение по вчерашниот немил настан кога тројца играчи на скопкиот тим беа физички нападнати на стадионот во Слупчане на третолигашкиот меч против Беса. – По укажаната медицинска помош двајца фудбалери се пуштени на домашно лекување а голманот е уште во болница. ФК Аеродром најостро го осудува чинот на насилство и апелира до ФФМ, надлежните дисциплински органи и Министерството за внатрешни работида ги преземат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот и санкционирање на сторителите“ – стои во дел од објавата. -Фудбалот мора да остане симбол на спортски дух, фер-плеј и почит а не поле на агресија и опасност…

Read More

Нашата машка ракометна репрезентација ќе одигра два пријателски меча со селекцијата на Јапонија во рамките на ЕХФ неделата. Kапитенот, Филип Кузмановски, вели дека со нив ќе започне за мисијата за Европското првенство. „Секој собир има некоја цел. Сега ќе се подготвуваме за дуелите со Јапонија. Нашата цел на овој собир е добра подготовка за континенталниот настап“ – вели Кузмановски. „Овие млади играчи минаа долго време заедно и сите созреваат во лидери на нивните екипи. Треба сите да нè гледаат сериозно, имаме што да покажеме“ – потенцираше Кузмановски.

Read More

Селекторот на нашите најдобри ракометари, Кире Лазаров, вели дека контролниот двомеч со Јапонија во рамките на ЕХФ неделата ќе послужи како одлична подготовка за претстојното Европско првенство во почетокот на 2026 година. „Натпреварот со Јапонија го договоривме уште во текот на летото. Тони Џирона е селектор на оваа селекција, која негува брз, динамичен и интересен стил на игра. Овие два меча ќе ги искористиме за пробување нови варијанти и подобрување на одредени сегменти во нашата игра“ – вели Лазаров.„Имаме добра можност за подобрување на некои варијанти во играта, кои можеме понатаму да ги искористиме на големите натпреварувања. Јапонија е противник…

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Вулверхемптон, Витор Переира, беше вмешан во жестока расправија со навивачите на тимот по поразот од Барнли. „Ја разбираме фрустрацијата на луѓето, на нашите навивачи но, морам да кажам дека само обединети можеме да победуваме“- изјави Переира. „Пред два месеца го пееја моето име затоа што останавме да се натпреваруваме во Премиер лигата. Сега скандираат за да ме отпуштат“ – додаде менаџерот на англискиот состав.

Read More

Иван Јуриќ повторно го истакна слабиот резултат на неговата Аталанта по ремито со Кремонезе во натпревар од Серија А. „Не ми се допадна ритамот во првото полувреме, бевме бавни. Не ми се допадна ниту начинот на кој играа тие што добија шанса по ротациите“ – изјави тренерот на екипата од Бергамо. „По паузата создадовме еден куп шанси а потоа примивме гол од контра што се случува во фудбалот. Пропуштивме премногу можности“ – рече Јуриќ.

Read More
NBA

Центарот на кошаркарскиот состав Сан Антонио, Виктор Вембањама, постигна уникатен подвиг на стартот на сезоната во најсилната лига на светов. Тој во првите три натпревари од сезоната го има следниов ефект: 40 поени и 3 блокади против Далас, 29 поени и 9 блокади против Њу Орлеанс и 31 коша и 6 блокади против Бруклин. Членот на „Спарси“ на тој начин стана првиот играч во историјата кој постигнал 100+ поени и направил 15+ блокади во првите 3 натпревари од сезоната. 

Read More
NBA

Рускиот кошаркар на Бруклин, Егор Демин, моментално шутира само од зад линијата за три поени, покажува неговата статистика. Во првите три натпревари во НБА против Шарлот, Кливленд и Сан Антонио, бекот помина 66 минути на теренот и упати 16 шутеви од кои реализираше 8. Дефанзивецот никогаш не се обиде да погоди за два поена. Наредниот натпревар на „Нетсите“ е против Хјустон на 28 октомври.

Read More

Фудбалерите на Баерн Минхен ја забележаа 13-та победа во серија откако ја совладаа Борусија Менхенгладбах со 3-0 на гостински терен во рамките на Бундес-лигата. Тренерот на Баварците, Винсент Компани, се осврна на одличната серија. „Не можеме да запреме – мора да продолжиме. Во среда имаме куп натпревар и тоа ќе биде сосема поинаква приказна“ – рече Компани. „Тимот е во добра серија но, најважно е да не бидеме арогантни. Мора да останеме мирни, да работиме напорно и да се претставиме добро во наредниот натпревар“ – рече Компани.

Read More

Тренерот, Кристијан Киву, верува дека Интер загуби на гостувањето кај Наполи затоа што неговите играчи потрошија премногу енергија во расправија со противничката клупа. „Би сакал да зборувам за добрите работи што ги направија играчите во првото полувреме. После тоа се обидовме да останеме во играта, да ја одржиме рамнотежата, но погодивме две стативи“ – рече Киву. „Требаше подобро да ги разбереме моментите во играта. Ќе им кажам на играчите во иднина да не ја трошат енергијата само на расправии. “ – беа зборовите на Киву.

Read More

Светскиот шампион во Мото ГП од 2020 година, Жоан Мир, го освои  вториот подиум во последните четири трки од светското првенство. Тој заврши трет на Големата награда на Малезија. Возачот на Хонда стигна до подиумот со малку среќа откако Франческо Бањаја  се повлече поради проблем со задната гума на помалку од три круга до крајот. „Многу сум среќен. Благодарам на тимот затоа што никогаш не се откажаа. Многу сме блиску до нашата цел а тоа е да се стремиме малку повисоко “ – рече Мир.

Read More