Author: dino

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, објасни дека автомобилот на Ред Бул потфрли на патеката во Мексико Сити. Тој на крајот го освои петтото место во квалификациите. „Прегревањето на гумите е голем проблем тука на оваа надморска височина, автомобилот почнува да се лизга а гумите се загреваат многу брзо “ –  рече Верстапен. „ Тоа не е добро за нас. Пробавме секакви промени во поставувањето и ништо не функционира.“ – рече Холанѓанецот.

Read More

Капитенот на фудбалскиот состав Ливерпул, Енди Робертсон, призна дека тимот е далеку од најдобратa форма откако вчера загуби од Брентфорд во Премиер лигата на Англија. Тоа е четвртиот пораз во сезонава. „Мораме да работиме напорно, толку е едноставно! На тренинзите, на натпреварите. Кога сте во овој фудбалски клуб, луѓето бараат резултати“ – изјави Робертсон. „Кога доаѓаат тешки времиња, едноставно мора да се вложиме повеќе и да трчаме повеќе. Резултатите не беа  добри во последните пет, шест натпревар“ – рече шкотскиот репрезентативец.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Томас Франк, сака да види поголем интензитет кај плејмејкерот Чави Симонс, кој во текот на летото беше купен од Лајпциг за 60 милиони евра. „Чави е со нас седум или осум недели, што не е многу време во фудбалот, но е исто така долго време. Нашето барање од него е да додаде поголем интензитет во неговата игра. Јас му верувам поради неговата прецизност и неговата визија за играта“, рече Франк. Холанѓанецот досега нема постигнато гол и има само една асистенција од почетокот на сезоната

Read More
NBA

Мајкл Мелоун, поранешниот долгогодишен тренер на Денвер, изјави дека е желен да се врати на тренерската работа во НБА откако помина една деценија на клупата во Колорадо. Малоун, кој беше отпуштен од Денвер во април, сега работи за ESPN. „Дефинитивно не сум завршил со тренерската работа. Тренерството ми е во крвта. Возбуден сум што ќе се вратам и повторно ќе тренирам други“ – рече Мелоун.  За време на неговиот престој во Денвер, тој постигна рекорд од 510 победи и 394 порази.

Read More

Шефот на тимот на Мекларен, Андреа Стела, коментираше за доцниот развој на RB21 и посочи дека поранешните светски шампиони би можеле да платат висока цена за тоа во наредниот шампионат. Благодарение на доцниот развој на RB21, светскиот шампион Макс Верстапен се врати во борбата за титулата, намалувајќи ја предноста пред лидерот Оскар Пјастре на само 40 поени. „Нашиот проект за 2026 година ќе биде сериозно компромитиран. За да освоите титули во иднина, треба да имате конкурентен болид“ – рече Стела

Read More

Капитенот на Милан, Лука Модриќ, го коментираше вчерашното ремито со Пиза во натпревар од италијанската Серија А. Росонерите стигнаа до бод со гол во продолжението. „Вината што не победивме е целосно наша. Загубивме два важни бода. Разочарани сме и лути затоа што пропуштивме одлична можност“, рече Модриќ. „Ние ги сменивме нашите позиции за да ги збуниме. Во поголемиот дел од натпреварот тоа функционираше но, мора да играме подобро“, нагласи хрватскиот ветеран.

Read More

Раководството на фудбалскиот состав Борнмаут постави цена од 75 милиони фунти за ѕвездата на тимот, Антоан Семењо. Според последните информации за неговиот потпис се заинтересирани Ливерпул, Челзи и Баерн Минхен. 25-годишниот фудбалер во тековнава сезона има 6 гола и 3 асистенции на 9 натпревари во сите конкуренции.

Read More

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, е суспендиран и нема да го води тимот од клупата во утрешното  дерби против Реал Мадрид. Неговото место ќе го заземе помошникот, Маркус Зорг. „Многу сум горд што ќе го водам тимот од клупата. Важно е да се контролира поседувањето на топката и да се стави противникот под притисок. Знаеме што треба да направиме“ – рече Зорг. „Рафиња нема да игра. Ќе се обидеме да го ставиме Феран во игра но, ќе одлучиме утре. Жил тренираше иако мора да почекаме. Составот за утре сè уште не е финализиран.“ – рече Зорг.

Read More

Светскиот шампион во Мото ГП од 2021 година, Фабио Картараро, им постави рок на луѓето на  Јамаха да го убедат да го продолжи договорот. Не е тајна дека Французинот не е задоволен од напредок на екипата иако во 2024 година потпиша нов двегодишен договор со јапонскиот производител. „Мислам дека е добро возачот рано да знае каде ќе биде во наредната сезона. Мојата главна цел е да се борам за подиум и титула. А ако немам мотор за тоа ќе си заминам“ – рече Картараро.

Read More

Ѕвездата на Нотингем Форест, Морган Гибс-Вајт, индиректно ги нападна последните двајца менаџери на тимот, Нуно Еспирито Санто и неодамна отпуштениот, Анже Постекоглу. Тој беше во немилост кај нив и беше на излезната врата но, сепак остана во тимот. Сега со новиот тренер, Дајч, ја добива вистинската шанса. „Се чувствувам како конечно да можам да дишам. Беа тешки неколку месеци со сите промени и лоши резултати“ – рече Морган Гибс-Вајт по вчерашниот тримуфот против Порто во Лига Европа .

Read More