Author: dino

Денеска во седиштето на ЕХФ беше извршена ждрепката за третото коло во Европскиот Куп во машка конкуренција. Екипата на Охрид ќе се соочи со Слога Добој во битката за пласман во осминафиналето. Во претходната рунда тимот од БИХ го елиминира составот на Тенакс Добеле од Летонија. Првиот натпревар ќе се игра на 15/16 ноември во Охрид додека реваншот е на 22/23 ноември во Добој. Ќе потсетиме дека Тиквеш и Бутел претходно беа елиминирани од Европскиот Куп.

Read More

Менаџерот на Интер, Кристијан Киву, призна дека напаѓачот Маркус Турам нема да биде подготвен за саботниот натпревар со Наполи во Серија „А“ „Лаутаро Мартинез е добро и повеќе ги нема проблемите што ги имаше пред натпреварот со Рома. На Маркус му требаат уште неколку дена и нема да биде во Неапол “– рече Киву. „Не знам дали ќе биде подготвен и за натпреварот со Фиорентина. Многу ми е жал за Турам, не заслужи толку долга пауза“ – нагласи тренерот на Интер.

Read More

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, се насочи кон  гостувањето против Баер Леверкузен во Германија во третото коло од главната фаза на Лигата на шампионите. „Нашиот распоред е многу тежок а претстојниот натпревар ќе биде добар тест за двата тима. Среќни сме што ги добивме претходните два меча“ -рече шпанскиот специјалист. „Тешко е да се оцени Леверкузен, кој донесе 20 играчи и нов тренер. Тие постигнуваат голови и можат да се бранат многу ниско“ – потенцираше Енрике.

Read More

Тренерот на Вилјареал, Марселино Гарсија Торал, вели дека неговиот тим е крајно мотивиран за денешниот натпревар со Манчестер Сити во Лигата на шампионите „Мора да ја искористиме можноста пред нашите навивачи и да се обидеме да постигнеме добар резултат. “ – вели Гарсија. „Нема да се откажеме од нашиот стил но, секогаш има нијанси. Мора да покажеме карактер и да ја контролираме играта“ – рече тренерот на шапанскиот тим.

Read More
NBA

Кошаркарот на Оклахома, Џејлен Вилијамс, ќе го пропушти првиот натпревар од новиот НБА шампионат против Њујорк Никс. Тој продолжува успешно да се опоравува од операцијата на десниот зглоб на која беше подложен за време на меѓусезоната. Според најавите, 24-годишниот кошаркар веројатно ќе се појави на терените до крајот на месецов.

Read More
NBA

Предводникот на Мемфис, Џа Морант, ќе се појави на стартот на новата сезона во кошаркарската НБА лига. Лидерот на тимот  е подготвен да игра во првиот натпревар од регуларниот дел против Њу Орлеанс на 22 октомври. Морант беше надвор од теренот на 5 октомври откако се здоби со повреда на глуждот. Потоа плејмејкерот ги пропушти сите пет натпревари од предсезонската фаза на Гризлис.

Read More

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, верува дека наредните недели ќе бидат клучни за судбината на Рубен Аморим на клупата на „црвените ѓаволи“. Португалецот успеа да врзе две победи во Премиер-лигата откако славеше на теренот на актуелниот првак Ливерпул. „ Аморим сега ќе влезе против Брајтон под вистински притисок бидејќи потоа го чекаат Нотингем Форест и Тотенхем. Мислам дека Јунајтед има тим што може да се квалификува во првите шест“ – рече Невил.

Read More

Новиот тимски шеф на Алпин во Формула1, Стив Нилсен, изјави дека францускиот тим е разочаран од одлуката на Франко Колапинто да ја игнорира наредбата за запирање во боксот на крајот од трката за Голема награда на САД. На Аргентинецот му беше наложено да не го напаѓа клупскиот колега, Пјер Гасли но, Колапинто го престигна и заврши на 17-то место. „Им дадовме инструкции на возачите да ги задржат своите позиции бидејќи со двата болида штедевме гориво. На крајот бевме разочарани што тоа не се случи и мора да се справиме со проблемот интерно“ – објасни Нилсен.

Read More

Поранешниот напаѓач на Англија и на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, верува дека рекордното засилување на „црвените“, Александар Исак, не заслужува да започне на местото на Уго Екитике. Швеѓанецот не тренираше долго време и не е во најдобра форма но, менаџерот, Арне Слот, одлучи да го вметне во стартната постава на последните два меча. „Исак не изгледа подготвен откако дојде од Њукасл. Не тренираше, немаше претсезона. Што се однесува до неговите перформанси, не заслужува да биде пред Екитике“ – рече Руни.

Read More
NBA

Кошаркарот на Хјустон Кевин Дурант, го продолжи договорот со „ракетите“, потврдија доцна синоќа медиумите во САД. 37-годишниот американски поентер кој е двократен шампион, се согласил на двегодишно продолжување на договорот со вредност од 90 милиони долари. Според најавата, Дурант може да остане во тимот и за сезоната 2027-28.

Read More