Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, составил список од шест играчи од средниот ред како можни засилувања, наведува „Мирор“. Карлос Балеба и Конор Галагер од средниот ред на Брајтон и на Атлетико Мадрид пред неколку месеци беа на нишанот на 20-кратните шампиони. Со нив се вметнати и  Адам Вортон од Кристал Палас и Елиот Андерсон од Нотингем Форест. Во комбинација се и играчот од средниот ред на Штутгарт, Анџело Стилер заедно со Андре Сантос од Челзи.

Read More
NBA

Њу Орлеанс ја прекина соработката со 23-годишниот, Џејден Спрингер, бидејќи договорот на играчот не беше загарантиран а финансиските загуби на клубот ќе бидат минимални. Кошаркарот ќе добие исплата за трите дена што ги поминал според договорот во текот на регуларната сезона како и за двата дена што ги поминал како отпуштен играч. Тоа е приближно 70.000 долари. Заминувањето на Спрингер отвори простор во ростерот и го зголеми ограничувањето на посебниот буџет за околу 4 милиони долари.

Read More

Италијанскиот гигант Рома внимателно го следи напаѓачот на Нотингем Форест, Арно Калимендо, објави „Ил Кориере дело Спорт“. Според изданието, „волчицата “ размислува за трансфер на Французинот во јануарскиот преоден рок. 22-годишниот Калимендо се приклучи на Нотингем Форест од Рен во август за сума од 30 милиони евра. Рома се надева дека ќе го земе напаѓачот на позајмица со опција да му го откупи договорот на крајот од сезоната.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, пред мечот со Кристал Палас во рамките на Премиер лигата, откри, дека  Каи Хаверц и Габриел Жезус се опоравуваат добро и се блиску до враќање во игра, пренесе – „The Express“. Бразилецот се опорави од сериозна повреда на предните вкрстени лигаменти здобиена во јануари против Манчестер Јунајтед. Неговиот соиграч Хаверц е исто така е блиску до враќање откако беше подложен на операција на коленото по првото сезонско коло и мечот со Манчестер Јунајтед.

Read More

Фудбалерот на Борнмаут, Антоан Семењо, се наоѓа на трансферната листа на Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, наведуваат денеска медиумите во Англија.   Според објавеното, тој нема да добие дозвола да замине во јануарскиот преоден рок што значи дека неговиот евентуален трансфер би се случил во наредното лето. Според проценките, Семењо кој вреди околу 75 милиони евра, исто така може да добие понуда и од германскиот Баерн Минхен.

Read More

Откако советникот на Ред Бул во Формула 1, Хелмут Марко рече дека Макс Верстапен не е мотивиран во финишот на сезоната, четирикратниот светски шампион излезе со коментар пред Гран При трката во Мексико Сити. „Не, тоа не е вистина. Кога сум во автомобилот ќе се обидам да го извлечам максимумот од него. “ – вели Верстапен. „Значи, дури и ако се борам за четврто или деветто место, секогаш ќе го дадам својот максимум“ – потенцираше возачот на Ред Бул.

Read More

Атлетико Мадрид ја следи ситуацијата со дефанзивецот на Барселона, Андреас Кристенсен. Договорот на данскиот дефанзивец истекува на крајот од сезоната и се очекува Барса да му дозволи да замине како слободен агент. Според „Мундо Депортиво“, Атлетико го следи развојот на настаните и покажува дека е заинтересиран да го задржи Кристенсен во Шпанија следната сезона. Иако тој се мачеше со формата и физичката подготвеност во последните две години, раководството на Атлетико високо ги цени квалитетите на Кристенсен.

Read More

Натпреварот од 10-тото коло во Ла Лига меѓуРеал Мадрид и Барселона ќе се одржи в недела на стадионот – „Сантијаго Бернабе“. „Не сме во најдобра форма во моментов но, сепак сме во добра позиција. Мора да продолжиме да работиме за да бидеме најдобри. Ако го направиме тоа, ќе станеме еден од најдобрите тимови во светот.“ – рече црномурестиот напаѓач. „Сакаме да останеме позитивни а најдобриот начин да го направиме тоа беше да победиме против Олимпијакос со повеќе голови“ – рече фудбалерот на Барселона.

Read More

Селекторот на нашата машка ракометан репрезентација, Кире Лазаров, го објави списокот за ЕХФ неделата и двата контролни меча со слекцијата на Јапонија. Нашите ракометари двата контролни меча со Јапонците ќе ги одиграат во салата во Автокоманда и тоа на 30.10. (четврток) и на 1 ноември (сабота).

Read More

Кошаркарските екипи Макаби и Хапоел ќе можат да ги играат натпреварите од Евро-лигата на домашен терен во Тел Авив започнувајќи од 1 декември 2025 година. Одлуката е донесена на клупскиот состанок веднаш по договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Палестина. Претходно, поради безбедносни причини, израелските клубови ги играа домашните натпревари во Србија и Бугарија.

Read More