Фудбалерот на Борнмаут, Антоан Семењо, се наоѓа на трансферната листа на Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, наведуваат денеска медиумите во Англија.
Според објавеното, тој нема да добие дозвола да замине во јануарскиот преоден рок што значи дека неговиот евентуален трансфер би се случил во наредното лето.
Според проценките, Семењо кој вреди околу 75 милиони евра, исто така може да добие понуда и од германскиот Баерн Минхен.

