Италијанскиот гигант Рома внимателно го следи напаѓачот на Нотингем Форест, Арно Калимендо, објави „Ил Кориере дело Спорт“.
Според изданието, „волчицата “ размислува за трансфер на Французинот во јануарскиот преоден рок. 22-годишниот Калимендо се приклучи на Нотингем Форест од Рен во август за сума од 30 милиони евра.
Рома се надева дека ќе го земе напаѓачот на позајмица со опција да му го откупи договорот на крајот од сезоната.

