Author: dino

NBA

Кошаркарот на Милвоки, Јанис Антетонкумпо, проговори, за гласините дека наскоро би можел да се пресели во друг клуб од НБА. „Мојата главна цел е да играм во истиот тим повеќе од 20 години. Сакам да бидам како најголемите играчи на сите времиња кои играле во еден тим“ – рече грчкиот поентер. 30-годишниот кошаркар го носи дресот на Милвоки од 2013 година и има освоено една шампионска титула.

Read More

28-годишниот италијански играч од средниот ред на Интер, Николо Барела,  зборуваше за главниот тренер на тимот, Кристијан Киву. „Тој е одличен пример за нас. Никој не можеше да ни помогне во оваа ренесанса подобро од него. Тој е тренер кој им ја врати смиреноста и самодовербата на фудбалерите“ – рече Барела. „Нероаѕурите“ заедно со Наполи и Рома го делат второто место на табелата во Серија „А“.  Пред нив е Милан со бод повеќе.

Read More

Извршниот директор на фудбалскиот состав Милан, Џорџо Фурлани, одговори на прашањето дали клубот е заинтересиран за играчот од средниот ред на Локомотив Москва, Алексеј Батраков . Деновиве многу медиуми во Русија наведоа дека скаутите на „росонерите“ ги следеле настапите на младиот играч во домашното првенство.  „Не, не сме заинтересирани за тој фудбалер“ – беа зборовите на Фурлани.

Read More

Поранешниот менаџер на Евертон, Шон Дајч, може да го неследи отпуштениот Ангелос Постекоглу, на клупата на Нотингем Форест.   Австралискиот тренер по само 39 денови заработи отказ откако неговиот тим загуби од Челзи во 8-тото коло од англиската Премиер лига. 54-годишниот Дајч последниот ангажман го имаше во англискиот клуб Евертон. Тој си замина годинава во јануари.

Read More

Некогашниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер, вели дека Мохамед Салах, не смее да има загарантирано место во првата постава на „црвените“ кои го нанижаа и четвртиот пораз во серија. „Сега сме во фаза кога не треба да игра на секоја средба или барем да не започнува. Така правеше Јирген Клоп на времето“ – рече Карагер. „Ливерпул сега ќе има две гостувања – во Европа и со Брентфорд. Мислам дека нема да игра на двата натпревара“ – рече легендата на Ливерпул.

Read More

Патрик Клајверт повеќе не е селектор на репрезентацијата на Индонезија. Менаџментот на федерацијата се одлучи да му каже благодарам на легендарниот холандски фудбалер, а сега тренер, откако тој не успеа да ги постигне посакуваните резултати со тимот. Клајверт стана селектор на Индонезија на почетокот на оваа година и потпиша двегодишна соработка. Сепак, резултатите не се очекуваните, земјата очекуваше успех во квалификациите, и конечно пласман на еден голем турнир, што не се случи. Иако Индонезија за прв пат под негово водство стигна до четвртото коло од азиските квалификации, надежите беа уништени минатата недела. Поразите од Саудиска Арабија и Ирак ги уништија…

Read More

Фудбалерот на Интер, Матео Дармијан, ќе ги пропушти претстојните натпревари на тимот, потврди калчо-лигашот. Во соопштението на лекарскиот тим се вели дека дефанзивецот има истегнување на тетивата на левата нога и дека ќе биде надвор од терените најмалку неколку недели. Дармијан нема да игра против Рома в сабота во Серија А и на натпреварот од Лигата на шампионите со белгискиот тим Ројал Унион.

Read More

Легендата на Рома, Франческо Тоти, се насочи кон викенд-дербито меѓу „волчицата и Интер во рамките на Серија „А“. Така наречениот „принц на Рим“ верува дека некој фудбале може да направи разлика на теренот. „ Интер е веројатно најелегантниот тим во Серија А, но ќе биде битка. Ако треба да изберам некој што може да направи разлика, би се одлучил за Брајан Кристанте“ – вели легендата на Рома. „Де Роси беше во право кога рече дека Рома секогаш треба да има некој како него“ – беа зборовите на Тоти.

Read More

Легендарниот голман на Манчестер Јунајтед, Пeтер Шмајхел, не е задоволен од трансферите на клубот. „Трошите над 70 милиони фунти за Шешко кога тимот има проблеми со голманите. Само оваа сезона, примивме девет гола поради грешки на голманите. Па зошто купивме некого што не ни треба? – рече Шмајхел. „Во мое време, тренерот беше шеф. Тој велеше: „Овој доаѓа, овој си оди“. Сега, одлучуваат различни луѓе со различни планови“ – рече поранешниот голман на Манчестер Јунајтед.

Read More

Првиот човек на фудбалскиот состав Брајтон, Тони Блум, се изјасни против натпреварите од Премиер лигата да се играат надвор од островот. „Не сум љубител на натпревари во странство. Ми се допаѓа системот од 19 натпревари на домашен терен и 19 -ет на гостински терен“- рече Блум. „Премиер лигата станува сè поголема, подобра и попопуларна со секоја измината сезона. Другите лиги можеби до одреден степен заостануваат“ – рече сопственикот на клубот.

Read More