Author: dino

NBA

Екипата на Сакраменто ја искористи опцијата за продолжување на договорот со кошаркарот, Девин Картер. Истиот ќе биде активен до сезоната 2026-27. 23-годишниот плејмејкер во претходното издание на НБА лигата одигра 37 натпревари за „Кингс“ со просек од 4,0 поени, 2,1 скока и 1,2 асистенции. Картер во летната лига беше еден најдобрите на теренот со просечно реализирани 14,5 поени, 3,8 скока, 4,5 асистенции и 1,7 украдени топки.

Read More
NBA

Џејсон Кид останува тренер на кошаркарите на Далас откако клубот од НБА се определи да му го продолжи договорот. 52-годишниот тренер има 328 натпревари од регуларната сезона со ефект од 179 победи и 149 порази. Ќе потсетиме дека Кид во текот на летото зад нас се поврзуваше со евентуален ангажман во Њујорк но, тоа сепак не се случи.

Read More

Ракометарите на Вардар со победа против Сесвете со 34:29 го започнаа патот во меѓународната конкуренција во новата сезона. „Црвено-црните“ главно доминираа во текот на мечот против хрватскиот состав и на крајот рутинирано ги прокнижија првите бодови во групата „Ф“. Во победничкиот тим се издвои Дмитро Хорига со 7 голови а кај гостите Златко Ражан со 9 погодоци. Вардар на 21.октомври во втората рунда ќе гостува кај Тулуз. 

Read More

Капитенот на ракометниот состав Вардар, Гоце Георгиевски, вели дека Сесвете е непознат противник но, неговиот тим секако е фаворит на стартот на Европската лига на ЕХФ. „Домашен терен, со непозната екипа, фаворити сме на мечот. Ги повикувам сите навивачи да не поддржат“ – рече Георгиевски.   „Сакаме со победа да го отвориме ова натпреварување Имаме големи амбиции до крајот на сезоната“ – вели крилото на „црвено-црните“.

Read More

Вардар утре го почнува својот поход во новата сезона на Лига Европа а прв противник е Сесвете од Хрватска. Тренерот Иван Чупиќ, очекува први бодови.„Eкипата добива облик каков сакаме да имаме и да играме. Во однос на Европа сакаме играчите да знаат што значи дресот на Вардар. Ако впишеме плус уште два бода ќе добиеме на самодоверба“ – нагалси Чупиќ.Мечот Вардар-Сесвете ќе биде одигран утре во СЦ Јане Сандански од 18.45 часот.

Read More

Македонскиот ракомет остана без познатиот спортски работник, Илија Темелковски, кој почина на 72-годишна возраст. Тој беше екс селектор на машката сениорска репрезентација која го освои 11 место на СП во Хрватска. Темелковски имаше забележителни настапи и со младинските селекции на неколку значајни меѓународни настани. Погребот е утре (14.10.2025) во 11:00 часот на градски гробишта Бутел.

Read More

Голманот на Милан, Мајк Мењан, не е задоволен со одлуката мечот против Комо од серија „А“ да биде одигран во Перт во Австралија. Претходно незадоволство изрази и играчот од средниот ред на „росонерите“, Адриен Рабио. Французинот рече дека е апсурд да се патува толку многу километри за натпревар меѓу два италијански тима. „Се согласувам целосно со Адриен Рабио. Не разбирам зошто натпревар од италијанската лига треба да се игра во странство“ – рече голманот на Милан. 

Read More

Челниците на Милан веројатно ќе му понудат нов договор на фудбалерот, Фикајо Томори, велат последните информации од Италија. Дефанзивецот има одлична сезона а тренерот Алегри сака да го задржи на подолг период. Црномурестиот играч има договор до летото во 2027 година но, „росонерите“ сакаат да го задржат уште неколку сезони. Преговорите засега се базираат на подобри финансиски услови откако самиот дефанзивец изјави дека сака да остане во Милано.

Read More

Поранешниот дефанзивец на Арсенал, Манчестер Сити, Ливерпул и Селтик, Коло Туре, кој сега е дел од тренерскиот штаб на „граѓаните“ се осврна на крајно набиениот распоред исполнет со клупски и репрезентативни мечеви. „Мислам дека тоа стана голем проблем за здравјето и перформансите на играчите. Кога играчот е свеж, може да даде 100%, во спротивно, не може“ – рече Туре. „Затоа треба да им дадеме на играчите повеќе време за одмор. Кога се чувствуваш добро, се чувствуваш како на врвот а кога се чувствуваш лошо, сакаш да одиш и да се одмориш“ – рече поранешниот фудбалер.

Read More

Фудбалерот на Арсенал, Кристијан Москера, се осврна на првата сезона во клубот. Тој во летниот период беше купен од шпанската Валенсија. „Се чувствувам одлично. Тие имаат неверојатен состав, со многу играчи што зборуваат шпански јазик кои ми помогнаа да се адаптирам“ – рече Москера. „Премиер лигата е сосема поинаква, но ми се допаѓа. Добро се справувам со овој директен стил на игра“ – рече Москера.

Read More