Капитенот на ракометниот состав Вардар, Гоце Георгиевски, вели дека Сесвете е непознат противник но, неговиот тим секако е фаворит на стартот на Европската лига на ЕХФ.
„Домашен терен, со непозната екипа, фаворити сме на мечот. Ги повикувам сите навивачи да не поддржат“ – рече Георгиевски.
„Сакаме со победа да го отвориме ова натпреварување Имаме големи амбиции до крајот на сезоната“ – вели крилото на „црвено-црните“.

