Author: dino

Кошаркарот, Александар Везенков, ја коментираше победата на Олимпијакос во дербито против Панатинаикос во грчкото првенство, нагласувајќи ја дефанзивната игра на неговиот тим. „Воопшто не игравме одбрана во првото полувреме. Во второто вложивме повеќе труд и игравме подобра одбрана“ – рече кошаркарот. „Ги разбирам тренерите кои сакаат дефанзивна игра бидејќи тоа носи титули. Ќе се подобриме, гледаме дека кошарката се развива“ – рече Везенков.

Read More
NBA

Кошаркарот на Сакраменто, Киган Мареј, ќе биде подложен на операција на палецот. Според објавеното, тој има скинат улнарен колатерален лигамент. Клубот известува дека 25-годишниот кошаркар ќе биде опериран, по што неговата состојба ќе биде повторно проценета за приближно 4-6 недели. Мареј одигра 77 натпревари за „Кингс“ во изминатата сезона, со просек од 12,4 поени, 6,7 скока и 1,4 асистенции.

Read More
NBA

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс, се повреди на натпревар од предсезоната против Голден Стејт. Тоа се случи во третиот период од мечот. Веднаш потоа на тајм-аутот Ривс остана на клупата а Лука Дончиќ му посочи дека не треба да се враќа во игра. Ривс повеќе не се појави на теренот но, остана најдобар поентер во тимот  со 21 кош. Неговиот состав успеа да слави на мечот со 126-116.

Read More

Претседателот на фудбалскиот состав Барселона, Хуан Лапорта, зборуваше за неговиот однос со поранешниот аргентински напаѓач на клубот, Лионел Меси. „Имавме многу добар однос долго време. Кога не му го обновивме договорот, работите малку се влошија. Се надеваме дека ќе му го дадеме одличното испраќање што го заслужува“ – рече Лапорта. Меси ја напушти Барселона во 2021 година. Тој одигра 778 натпревари за каталонскиот клуб, постигнувајќи 672 гола и 303 асистенции.

Read More

Рафаел Леао ја напушти репрезентацијата на Португалија. Крилниот напаѓач на Милан не тренираше поради „лоша форма“, објави весникот -„А Бола“. Португалскиот селектор, Роберто Мартинез, одлучи да го врати напаѓачот во италијанскиот клуб.  Мартинез не беше незадоволен од настапот на Леао на саботниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 година против Ирска. Португалија утре ја чека меч со Унгарија.

Read More

Нашите најдобри фудбалери денеска ги очекува значаен меч на патот кон Мундијалот во 2026 година. Избраниците на селекторот, Благоја Милевски, од 20.45 часот на Арената во Скопје, ќе излезат на мегдан со Казахстан во рамките на 7 коло во групата „Ј“. Ние сме лидери на табелата додека противникот ја има претпоследната позиција. На првата средба на теренот на Казахстанците успеавме да победиме минимално со 1-0. Во вториот меч во групата паралелно ќе се одвива пресметката меѓу Велс и Белгија која директно го крои врвот на табелата. Македонија е лидер со 12 бодови од шест средби, Белгија има 11 од пет…

Read More

Репрезентацијата на Македонија до 21 година денеска против Ерменија ќе го одигра третиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското фудбалско првенство во 2027 година. Средбата ќе биде реализирана на стадионот – „Петар Милошевски“ во Битола со почетокот во 17.00 часот. Мечот ќе го суди Лука Билбија од БИХ. Македонија во првите две кола загуби од главните фаворити Полска (гости) и Италија (дома) додека Ерменците очекувано беа совладани од полјаците и швеѓаните. Во рамките на 3 коло во текот на денов, Полска ќе ја пречека Црна Гора додека Италија ќе игра со Шведска.

Read More

Нашите најдобри фудбалери денеска ги очекува значаен меч на патот до СП во 2026 година кое ќе биде реализирано во САД, Канада и Мексико. Избраниците на селекторот, Благоја Милевски, вечер од 20.45 часот ќе истрчаат на теренот на главниот фаворит во групата – Белгија. Тоа ќе биде шестиот меч меѓу двете земји кои се сретнаа и во квалификациите за Европското првенство во 1996 и за Светското во 2014. Белгијците имаат три победи а два меча завршија нерешено. Македонија е лидер на табелата  со 11 бодови (5 натпревари), Белгија има 10 бодови (4 ), Велс има 10 (5), Казахстан следи со…

Read More

Челниците на фудбалскиот клуб Интер влегле во преговори за продолжување на договорот со крилниот напаѓач, Федерико Димарко, кој е обврзан на верност до јуни во 2027 година. Дефанзивецот е во одлична форма од почетокот на сезоната постигнувајќи два гола и обезбедувајќи три асистенции во шест натпревари во Серија А. Се очекува новиот договор на Димарко да биде до 2029 или 2030 година и да има далеку подобра финансиска рамка од сегашниот.

Read More

Англискиот фудбалски клуб Евертон планира во јануари да испрати понуда до десниот бек на Севилја, Хуанлу Санчез, велат последните информации од Островот. Според проценките, популарните „карамели“ ќе треба да платат повеќе од 20 милиони евра доколку сакаат да дојдат до потписот на Шпанецот. Тој има 80 настапи, постигнато шест голови и девет асистенции за неговиот клуб.

Read More