Кошаркарот, Александар Везенков, ја коментираше победата на Олимпијакос во дербито против Панатинаикос во грчкото првенство, нагласувајќи ја дефанзивната игра на неговиот тим.
„Воопшто не игравме одбрана во првото полувреме. Во второто вложивме повеќе труд и игравме подобра одбрана“ – рече кошаркарот.
„Ги разбирам тренерите кои сакаат дефанзивна игра бидејќи тоа носи титули. Ќе се подобриме, гледаме дека кошарката се развива“ – рече Везенков.

