Author: dino

Екипата на Њукасл внимателно ги следи настапите на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Александар Шорлот. Англискиот клуб во зимскиот преоден рок ќе бара нов класичен центарфор за да ја пополни празнината по заминувањето на Александар Исак во Ливерпул. Медиумите наведуваат дека изборот може да падне на корпулентинот Норвежанец кој добил високи оценки од скаутите на Њукасл.

Read More

Финскиот возач во „WRC“, Кале Рованпера, објави дека на крајот на сезоната ќе се повлече од рели-трките. „Во овој момент знам каков е мојот план за наредните неколку години. Знам дека ќе се тркаме во Супер Формула а потоа ќе работиме кон новиот чекор – Формула 2“ –рече Рованпера. „Не можам да ви кажам која е мојата крајна цел во моментов но, се стремам кон највисокото ниво. Формула 1 е највисокото ниво“ – рече Финецот.

Read More

Кошаркарот на Анадолу Ефес, Џордан Лојд, објасни зошто одлучил да се активира во турскиот гигант. „Ова е првокласна организација. Тие беа заинтересирани за мене и покажаа дека ме ценат. Тоа многу ми значи. Само сакав да бидам дел од нешто посебно“ – рече Лојд. „Мојот трансфер не беше поврзан со некоја специфична улога. Само сакав да бидам дел од тимот и да се вклопам најдобро што можам “ – рече Лојд.

Read More
NBA

Екипата на Индијана Пејсерс објави дека го обезбедила искусниот плеј-мејкер, Камерон Пејн, кој беше дел од тренинг кампот во претсезонските активности. Доаѓањето на 31-годишниот кошаркар практично го истера од тимот, Делон Рајт, за да се направи место во ростерот.   Пејн во претходната сезона одигра 72 меча за Њујорк со просек од 6,9 поени, 1,5 скока и 2,8 асистенции по натпревар.

Read More
NBA

Поранешниот НБА играч, Ален Ајверсон, се осврна на неговата кариера. Легендата на Филеделфија рече дека не го интересираат рангирањата. „Не обрнував вниманиекоја позиција ми доделивте. Без разлика против кого се натпреварував, се чувствував како најдобар играч на теренот.“-рече Ајверсон. „Играв против некои од најголемите кошаркари во историјата. Секогаш мислев дека кога луѓето ќе ја напуштат арената, ќе знаат кој е бројот три“ – рече Ајверсон.

Read More

Дефанзивецот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Висар Муслиу, пред дуелот со Белгија во гент, вели дека мора да се одигра дисциплинирано и сите да бидат како еден. „Лесна мисија нема, тоа знаме уште од собирот. Иако го нема Лукаку тука ќе биде Опенда, Башуаи и другите, можеби не се на ниво на Лукаку, ама се фудбалери на ниво од ЛШ“ – потенцираше стоперот. „Како тим треба да се спротивставиме еден од најдобрите напади и офанзивни играчи. Сите да бидеме на ниво како во Скопје и да ја постигнеме целта“ – беа зборовите на Муслиу на средбата со новинарите.

Read More

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, пред утрешниот меч со Белгија во мундијалските квалификации имаше пофални зборови за неговите избраници.  „Горд сум на нашите фудбалери, не само во овие квалификации, туку на се тоа што го покажаа во изминатите 8 години, со пласманот во Лига на нации, со конкурентноста во нашата група, скоро обезбеден плеј офф за СП“ – рече Милевски. „Максимален респект за Белгија, тие и натаму се фаворит во група, имаат инзвореден играчки ростер. Се надевам дека што повеќе ќе останеме конкурентни“ – потенцираше нашиот селектор.

Read More

Македонскиот Oлимписки комитет со гордост ја реализираше својата најнова хуманитарна акција, во духот на солидарноста, поддршката и грижата за заедницата. Во рамките на оваа иницијатива, Комитетот донираше вкупно 2.000 сетови постелнина на институции кои се грижат за образованието, здравјето и благосостојбата на граѓаните: Студентски дом „Гоце Делчев“ – Скопје, ЈЗУ Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје, Универзитетска клиника за торакална хирургија при ЈЗУ Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“ – Скопје. Со оваа донација, Македонскиот олимписки комитет дава поддршка на младите кои се едуцираат и живеат во студентските домови, како и на пациентите и здравствените работници кои секојдневно се грижат…

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди и неговата сопруга, Фетина, добија принова во семејството. Нашиот интернационалец кој е дел од македонската селекцијата што се подготвува за петочниот дуел со Белгија во квалификациите за Мундијалот, во кратка емотивна порака преку социјалните мрежи објави дека ја добил ќерката, Аја. Меѓу честитиките што пристигнаа од сите страни, влегува и таа од неговиот клуб Коњаспор (Турција), кој му пожела многу љубов и среќа во новата животна улога како родител.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џошуа Циркзи, размислува да го напушти клубот во зимскиот преоден рок, наведуваат дел од медиумите. Тој не е задоволен од  краткото време за играње од почетокот на сезоната откако помина само 110 минути на теренот во Премиер лигата.  Репрезентативецот на Холандија во изминатата сезона учествуваше во 32 натпревари и постигна три гола.

Read More