Македонскиот Oлимписки комитет со гордост ја реализираше својата најнова хуманитарна акција, во духот на солидарноста, поддршката и грижата за заедницата.
Во рамките на оваа иницијатива, Комитетот донираше вкупно 2.000 сетови постелнина на институции кои се грижат за образованието, здравјето и благосостојбата на граѓаните: Студентски дом „Гоце Делчев“ – Скопје, ЈЗУ Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје, Универзитетска клиника за торакална хирургија при ЈЗУ Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“ – Скопје.
Со оваа донација, Македонскиот олимписки комитет дава поддршка на младите кои се едуцираат и живеат во студентските домови, како и на пациентите и здравствените работници кои секојдневно се грижат за нашето општество. Македонскиот Олимписки комитет ќе продолжи со донирање на опрема и неопходни ресурси за развој на спортот на спортските и останати институции од јавен интерес.

