Дефанзивецот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Висар Муслиу, пред дуелот со Белгија во гент, вели дека мора да се одигра дисциплинирано и сите да бидат како еден.
„Лесна мисија нема, тоа знаме уште од собирот. Иако го нема Лукаку тука ќе биде Опенда, Башуаи и другите, можеби не се на ниво на Лукаку, ама се фудбалери на ниво од ЛШ“ – потенцираше стоперот.
„Како тим треба да се спротивставиме еден од најдобрите напади и офанзивни играчи. Сите да бидеме на ниво како во Скопје и да ја постигнеме целта“ – беа зборовите на Муслиу на средбата со новинарите.

