Екипата на Индијана Пејсерс објави дека го обезбедила искусниот плеј-мејкер, Камерон Пејн, кој беше дел од тренинг кампот во претсезонските активности.
Доаѓањето на 31-годишниот кошаркар практично го истера од тимот, Делон Рајт, за да се направи место во ростерот.
Пејн во претходната сезона одигра 72 меча за Њујорк со просек од 6,9 поени, 1,5 скока и 2,8 асистенции по натпревар.

