Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди и неговата сопруга, Фетина, добија принова во семејството.
Нашиот интернационалец кој е дел од македонската селекцијата што се подготвува за петочниот дуел со Белгија во квалификациите за Мундијалот, во кратка емотивна порака преку социјалните мрежи објави дека ја добил ќерката, Аја.
Меѓу честитиките што пристигнаа од сите страни, влегува и таа од неговиот клуб Коњаспор (Турција), кој му пожела многу љубов и среќа во новата животна улога како родител.

