Поентерот на Бостон, Џејлен Браун, очекува успешна сезона во НБА Лигата. „Секогаш сум стигнувал до плејофот. Имам повеќе победи во плејофот отколку 15 или 16 екипи заедно. Знам што е потребно“ – рече играчот на Селтикси кои ќе ја започнат претстојната сезона без нивната суперѕвезда Џејсон Тејтум. Ќе потсетиме дека Дру Холидеј и Кристапс Порзингис, кои играа клучни улоги во шампионската титула на тимот во 2024 година, го напуштија клубот.
Author: dino
Холандскиот репрезентативец, Мемфис Депај, останал без пасош и морал да го пропушти собирот пред мечевите од квалификациите за Светското Првенство во 2026 година. Фудбалерот на Коринтијанс не може да го напушти Бразил бидејќи патната исправа му била украдена. За целата ситуација се огласи селекторот на „лалињата“, Роналд Куман. „Се надеваме дека тој ќе ни се придружи во кампот што е можно поскоро“ – рече предводникот на Холандија.
Фудбалерот, Килијан Мбапе, ќе биде дел од селекцијата на Франција за претстојните натпревари во квалификациите за Мундијалот во 2026 година. Напаѓачот на Реал Мадрид беше заменет во финишот на мечот со Вилјареал поради болки во ногата а неговиот тренер, Чаби Алонсо, објави дека тој имал проблеми со зглобот уште пред мечот. „Галските петли“ наредниот меч ќе го одиграат в петок на 10 октомври против селекцијата на Азербејџан. Тие се лидери во групата со две победи во исто толку мечеви.
Новиот спортски директор на фудбалскиот состав Милан, Игли Таре, откри зошто го избра Масимилијано Алегри за тренер на „росонерите“. „ Клубот го поддржа моето мислење да го назначам Алегри поради неговото искуство и начинот на кој се справува со различни ситуации“ – рече Таре. „Сакам да останам што е можно подолго бидејќи за мене овој клуб го претставува врвот. Не можете да бидете повисоко од Милан“ – рече Таре.
Фудбалерот на Наполи, Кевин Де Бруин, изјави дека нема никакви проблеми со Антонио Конте. Тој на мечот со Милан беше заменет во 72-та минута и токму кога се упати кон клупата за резерви, одбегна да се поздрави со неговиот тренер. „Никогаш не сум имал проблеми со Конте. Јас сум победник, сакам да играм фудбал и да менувам работи“ – рече Белгиецот. Луцидниот фудбалер во дебитантската сезона за италијанците има одиграно 7 натпревари со ефект од три голови и две асистенции.
Новиот менаџер на фудбалерите на Вест Хем, Нуно Еспирито Санто, изјави дека вратата на клубот не е затворена за играчот од средниот ред Џејмс Ворд-Праус. 30-годишниот играч беше изоставен за дуелот со Евертон. Тоа беше првиот натпревар на Еспирито Санто како тренер на „чеканите“. „ Можеби ќе го вклучам за мечот со Арсенал. Сезоната е долга и ми требаат сите играчи“ – беа дел од зборовите на Санто на средбата со новинарите.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Коби Мајно, може да добие понуда да се пресели во редовите на Атлетико Мадрид, наведуваат дел од медиумите во Англија. Според нив, 20-годишниот играч влегува и во плановите на Наполи кој претходно сакаше да го ангажира на позајмица. Играчот од средниот ред во тековнава сезона се појави на пет средби. Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ е активен до 2027 година.
Екипата на Флорида која настапува во НХЛ лигата, успеа да го продолжи договорот со хокеарот, Нико Микола. Тој за новите осум години ќе инкасира околу 40 милиони долари. „Нико се докажа како дефанзивец. Тој вешто ја користи брзината“ – рече генералниот менаџер, Бил Зито. 29-годишниот играч во претходниот шампионат имаше 88 блокади.
Кошаркарот, Костас Папаниколау, влезе во историјата на елитниот состав Олимпијакос. Тој на вчерашниот меч со Реал Мадрид во Евро-лигата, по 748 пат го носеше дресот на грчкиот гигант. 35-годишникот на тој начин успеа да го надмине Јоргос Принтезис кој има одиграно 747 средби. Папаниколау ја игра 15-та сезона со клубот од Пиреја. Тој во два наврата се израдува на пехарот во Евро-лигата.
Бекот на Торонто, Емануел Квикли, очекува во новата сезона во НБА да шутира повеќе за три поени. „Мислам дека со вниманието што ќе го добијат играчите како Ар-Џеј , Скоти и Брендон , ќе можам да шутирам по 10 тројки на натпревар. Повеќето од нив ќе бидат по додавање а не од дриблинг како во последните две години“ – рече Квикли. 26-годишниот плејмејкер во сезоната 2024/25-та имаше просек од 17,1 поен, 3,5 скока и 5,8 асистенции.
