Големата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, потенцира дека во кампот на клубот се работи максимално пред стартот на новата сезона во кошаркарската НБА лига. „Не станува збор само за физичка, туку и за ментална подготвеност. И двете се многу значајни. Тоа го работиме на тренинзите.“ – вели Дончиќ. „Сè оди одлично. Сите во тимот се во одлична форма. Сите трчаат многу“ – потенцираше играчот на Лејкерси.
Author: dino
На 2-ри октомври во СЦ Јане Сандански во Скопје се одржа последната конференција за инклузија и попреченост во спортот, која собра голем број учесници. Овој настан, организиран од Олимпискиот комитет заедно со партнери од Франција, Шпанија, Португалија, Данска и Грција, беше вистински успех. Претставник на Комитетот, Моника Наумовска и Силвија Митевска од ССС, беа домаќини на конференцијата, на која присуствуваа многу наставници по физичко образование, социјални работници и претставници на организации кои работат со лица со попреченост. Панел дискусијата беше одлична, а атмосферата беше исполнета со голем интерес и позитивна енергија. Сите присутни беа сплотени во заедничка цел, да се…
Легендарниот НБА кошаркар, Кевин Дурант, се наврати накратко на неговата турбулентна кариера. Тој во 2023 година го облече дресот на Феникс но, откако не успеа да дојде до титулата по само две години мораше да ја промени средината. „Не очекував толку брзо да го напуштам Феникс . Зошто Рокетс? Не морав долго и напорно да размислувам“ – изјави Дурант.
Тренерот на кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс, Тајрон Лу, не крие дека има големи очекувања за Бредли Бил. Бекот во изминатото лето им се придружи на Клиперси како слободен агент. „Бил е одлично дополнување во ростерот. Тој може да обезбеди поени на различни начини.“ – рече Лу. „Исто така, сакам да го вратам Бредли на ниво на елитен дефанзивен играч“ – беа зборовите на тренерот на екипата од Калифорнија.
Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, изјави дека повредениот, Матијас Лесор, ќе се врати на теренот во ноември. 30-годишниот кошаркар заработи повреда на крајот на 2024-та година и имаше долго закрепнување. „Учеството на Лесор на Фајнал Фор во Абу Даби не беше погрешна проценка. Сакаше да игра“ – рече Атаман. „Лекарите ни рекоа дека му треба повеќе време за да биде 100 проценти. Ќе се врати во ноември – изјави Атаман пред денешниот старт на Евролигата.
Тренерот, Жозе Мурињо, со неговата Бенфика, денеска ќе гостува кај Челзи во меч од второто коло во Лигата на фудбалските шампионите. Тој натпревар за Португалецот сигурно ќе има посебно значење бидејќи по извесен период ќе се појави на добро познатиот стадион во Англија. „Доаѓањето на Стемфорд Бриџ беше посебно. Mојот дом е на пет минути оддалеченост. Претходно играв тука со Интер, Манчестер Јунајтед и Тотенхем и секогаш бев добро примен“ – рече Мурињо.
Фудбалерите на Ливерпул денеска ќе гостуваат кај Галатасарај во дуел од 2 коло во Лигата на шампионите. Нивниот менаџер, Арне Слот, очекува многу подобра игра во одбраната отколку на претходните мечеви. „Примивме четири голови од прекини но, заклучив дека бековите не се проблем. Знам дека Галатасарај е силен во прекините“ – потенцираше тренерот на „црвените“ пред денешниот меч во Турција.
Луѓето од Наполи се обиделе да ги дознаат условите за евентуален ангажман на фудбалерот, Матеус Нуњеш, од Манчестер Сити, велат последните најави од Италија. Португалецот пред две години беше купен од Вулверхемптон за повеќе од 60 милиони евра но, главно ја грееше клупата за резерви. Според одредени наводи, „граѓаните“ се расположени да го продадат Нуњеш доколку добијат добра понуда.
Екипата на Калјари потврди дека напаѓачот, Андреа Белоти, кој имаше одличен старт на сезоната и постигна два гола, ќе мора да паузира подолг период поради повреда. Вчерашните лекарски прегледи потврдиле дека Белоти има проблем со предниот вкрстен лигамент на коленото и дека ќе мора да оди на дополнителни консултации кај специјалисти. Медиумите наведуваат дека таков тип на повреда се лекува околу 9 до максимум 12 месеци.
Главниот тренер на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се насочи кон вчерашната голема победа против градскиот ривал Реал со 5:2 во дербито од 7-то коло на шпанската Ла Лига. „Од почетокот на натпреварот знаевме како да им предизвикаме проблеми. Нико Гонзалез, Жулијано Симеоне, Пабло Бариос и Жулијан Алварез се движеа по крилата, привлекувајќи ги централните дефанзивци“ – рече Симеоне. „Има многу емоции. Оваа сезона започна со тешкотии. Многу луѓе вложуваат огромни напори кои остануваат незабележани но, работата оди одлично“ – рече Симеоне
