Големата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, потенцира дека во кампот на клубот се работи максимално пред стартот на новата сезона во кошаркарската НБА лига.
„Не станува збор само за физичка, туку и за ментална подготвеност. И двете се многу значајни. Тоа го работиме на тренинзите.“ – вели Дончиќ.
„Сè оди одлично. Сите во тимот се во одлична форма. Сите трчаат многу“ – потенцираше играчот на Лејкерси.

