Тренерот, Жозе Мурињо, со неговата Бенфика, денеска ќе гостува кај Челзи во меч од второто коло во Лигата на фудбалските шампионите.
Тој натпревар за Португалецот сигурно ќе има посебно значење бидејќи по извесен период ќе се појави на добро познатиот стадион во Англија.
„Доаѓањето на Стемфорд Бриџ беше посебно. Mојот дом е на пет минути оддалеченост. Претходно играв тука со Интер, Манчестер Јунајтед и Тотенхем и секогаш бев добро примен“ – рече Мурињо.

