Фудбалскиот стратег, Грем Потер, по само девет месеци заработи отказа на кормилото на Вест Хем. Тоа се случи пред дуелот со Евертон закажан за в понеделник. „Резултатите и перформансите во втората половина од минатата сезона и почетокот на сезоната 2025/26 не ги исполнија очекувањата и одборот на директори верува дека е потребна промена“, се вели во соопштението на „чеканите“. Дел од медиумите наведуваат дека поранешниот менаџер на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто, е главниот кандидат да седне на клупата на англискиот состав.
Author: dino
Голманот на фудбалскиот состав Милан, Мајк Маињан, има реални шанси да замине во Челзи во текот на наредното лето, наведуваат медиумите во Италија. Наводно, „сините“ остануваат заинтересиран за неговиот потпис. Англискиот клуб би можел да постигне прелиминарен договор во јануари за трансфер на 30-годишниот Французин. Маињан има договор со „росонерите“ до 30 јуни 2026 година.
Тренерот на фудбалерите на Наполи, Антонио Конте, се осврна на вчерашната победа против Пиза во меч од Серија „А“. „Да почнеме со тоа дека победата никогаш не е лесна. Денеска игравме против тим кој е на првото место по сите индикатори поврзани со физичката подготвеност“ – рече Конте. „Беше тежок натпревар. Среќни сме што започнавме со четири победи во првенството. Битката за титулата ќе биде многу рамноправна“ – нагласи Конте.
Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, проговори за Кол Палмер, кој беше заменет рано на последниот меч во Премиер лигата против Манчестер Јунајтед. Англискиот репрезентативец страда од долгогодишна повреда. Во овој момент не е јасно кога талентираниот играч ќе биде подготвен да се врати во акција. „Нема да ризикуваме со Кол. Тој вложи огромен напор и сака да биде на теренот“ –рече тренерот на „сините“.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го бранеше Виктор Ѓокереш откако напаѓачот не успеа да импресионира во дербито со Манчестер Сити. Шведскиот репрезентативец, вреден 55 милиони фунти, исто така играше лошо против Манчестер Јунајтед и Ливерпул. „Имаше многу добри топки во шеснаесетникот . Тој секако се обидува најдобро што може и треба да му дадеме повеќе време“ – рече Артета.
Првата сезона на Луис Хамилтон во Ферари сигурно ќе заврши без титула и покрај високите очекувања што беа поставени по неговото преселување во Скудерија. Британецот на трката за Големата награда на Азербејџан заврши на осмото место и сега е сосема сигурно дека тој нема да стане светски шампион во Формула 1 во 2025 година. Математички гледано само пет возачи остануваат во трката за титулата. Тоа се – Пјастри (324 поени), Ландо Норис (299), Макс Верстапен (255), Џорџ Расел (212) и Шарл Леклер (165).
Шефот на Ферари, Фредерик Васер, веднаш по трката за Гран При на Азербејџан, изјави, дека Скудерија го истражува проблемот со погонскиот дел на болидот на Шарл Леклер. „Не можеме да бидеме задоволни. Почнавме зад Норис и завршивме зад него. Имаше проблем со моторот на Леклер кој моментално го истражуваме“ – нагласи Васер. „Дури и ако зборуваме за минимална загуба на моќност, тоа беше доволно за да го спречи да направи подобар резултат“ – рече Васер.
Поранешниот фудбалер, тренер и спортски директор на Реал Мадрид, Хорхе Валдано, зборуваше за Винициус Жуниор, кој на последниот меч реагираше некоректно кога беше заменет. „Винициус сегогаш има голема поддршка од Реал. Луѓето, па дури и клубот застанаа на страната на фудбалерот. Затоа треба да биде внимателен“ – рече Валдано. „Таквите гестови содржат и доза на непочитување кон играчот кој треба да влезе на теренот“ – беа дел од зборовите на Валдано.
Македонија падна едно место во ранкингот на Светската кошаркарска федерација – ФИБА. По завршувањето на августовските претквалификации ние сме лоцирани на 59-то место во светот или на 29-то во европската зона. Еве каде се нашите противници во претквалификаците за Евробаскетот 2029. Ирска е 37- ма во европски односно на 82 -ра во светски рамки. Луксембург е на 39. позиција во Европа и 88-ми во светот додека Азербејџан е на 107. место во светскиот и на 44-то во европскиот рејтинг. Лидер на ФИБА листата остануваат САД пред Германија и Србија.
Игор Стефановски – Иџе изминатиот викенд во Бузет, Хрватска, ја возеше својата 200-та трка во кариерата и ја заврши сезоната во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC) со одлично трето место во група 1. „Крај на една убава сезона со измешани емоции, но и многу искуства. Можам да кажам дека навистина сум горд на луѓето околу мене, на мојот тим, на сите спонзори, на тимот на Ферари за овој резултат“ – рече Стефановски.„Имавме навистина сериозна конкуренција. Бузет е една од моите најомилени трки. Веќе размислуваме за следната година и со кој автомобил ќе настапуваме. Горд сум што достоинствено ја…
