Шефот на Ферари, Фредерик Васер, веднаш по трката за Гран При на Азербејџан, изјави, дека Скудерија го истражува проблемот со погонскиот дел на болидот на Шарл Леклер.
„Не можеме да бидеме задоволни. Почнавме зад Норис и завршивме зад него. Имаше проблем со моторот на Леклер кој моментално го истражуваме“ – нагласи Васер.
„Дури и ако зборуваме за минимална загуба на моќност, тоа беше доволно за да го спречи да направи подобар резултат“ – рече Васер.

