Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Интер, Кристијан Киву, рече дека неговиот тим ги неутрализирал добрите страни на Ајакс и затоа победи на гостувањето во Амстердам во првото коло во Лигата на шампионите. „ Денеска покажавме зрелост. Не му дозволивме на противникот да се наметне во нашата половина“ – рече Романецот. „Сакав да ја задржам формацијата 3-5-2 бидејќи фудбалерите се навикнати. Значајно е да ја вратиме самодовербата“ – потенцираше тренерот на Интер.

Read More

Играчот на Флорида, Метју Ткачук, ќе го пропушти стартот на новата сезона во Националната хокеарска лига на САД и Канада. Генералниот менаџер на актуелниот шампион, Бил Зито, нагласи дека Ткачук  не се опоравил од повредата што го мачи од изминатата сезона и дека нема да игра барем до декември. 27-годишниот хокеар постигна 22 гола и имаше 25 асистенции во 57 натпревари. Тој ги пропушти последните девет недели од регуларната сезона но, се врати за плејофот.

Read More
NBA

Ентони Слејтер ја опиша ситуацијата во редовите на Голден Стејт пред стартот на новата сезона во НБА лигата. „Тоа е тешка ситуација и двете страни имаат валидни аргументи. Куминга има право на мислење како и другите во тимот. Тука мора да има компромис“ – рече Слејтер. „Ветераните во тимот се мирни. Тие ја поставуваат визијата за наредната сезона. Ал Хорфорд ќе биде стартер . Џими Батлер беше многу успешен на тренинзите. Стеф Кари е здрав“ – рече Слејтер.

Read More
NBA

Кошаркарот на Портланд, Дамијан Лилард, проговори за своите емоции по враќањето во матичниот тим. „Не сум многу емотивна личност но, враќањето со оглед на возраста на моите деца и состојбата на тимот, ми се чини како правилна одлука“ – рече Лилард. „Враќањето таму каде што ги поминав првите 11 години од мојата кариера е еден од моментите во мојот живот кога се чувствувам неверојатно среќен“ – сподели кошаркарот.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Милан, Масимилијано Алегри,  доби суспензија од еден натпревар и парична казна од 10.000 евра. Дисциплинската комисија на Серија А го казни стратегот на „росонерите“ поради исклучувањето на мечот со Болоња кога жестоко реагираше на судиските одлуки. Како резултат на тоа, тренерот ќе го пропушти саботниот натпревар на гости против Удинезе.

Read More

Напаѓачот на Комо, Алваро Мората, не сакаше да коментира за неговиот престој во редовите на Милан. „Ако мислите дека имав тешка сезона, со оглед на тоа што освоив три трофеи, не се согласувам. Победив со Милан на „Сантијаго Бернабе“ во Лигата на шампионите, потоа триумфиравме во Суперкупот“ – рече Мората. „Точно е дека начинот на кој си заминав беше негативен но, не можам да дискутирам за тоа“ – коментираше Мората.

Read More

Тренерот на Олимпик  Марсеј, Роберто Де Зерби, го коментираше поразот од 2-1 од Реал Мадрид во првото коло од Лигата на шампионите. „Многу сум разочаран бидејќи можевме да победиме. Имаме многу нови играчи и тешко е да ги ангажираме за кратко време“ – рече Де Зерби. „Убеден сум дека можевме да победиме. Мислам дека во првите 20 минути бевме премногу претпазливи но, потоа се опуштивме“ – рече Италијанецот.

Read More

Менаџерот на Тотенхем, Томас Франк, ја коментираше победата против Вилјареал во рамките на првото коло на Лигата на шампионите. „Мораме да научиме да уживаме во секоја победа. Мислам дека покажавме многу добри работи на теренот. Добро се браневме и не му дозволивме на противникот да направи многу“ – рече Франк. „Во нападот, не бевме во најдобра форма. Генерално, тоа беше многу изедначен натпревар“, додаде тренерот на англискиот тим.

Read More

Ќерката на Брус Мекларен – Аманда, проговори за извршниот директор на екипата, Зак Браун, како и за успехот на тимот од Вокинг во Формула 1 шампионатот. „Мојот татко би бил неверојатно горд на Зак и на сите во Мекларен за тоа што се шампиони во конкуренција на конструктори“ – рече Аманда. „Зак направи извонредни промени што доведоа до успехот што го гледаме денес.Сигурна сум дека мојот татко би бил воодушевен да ги види успесите на кои сме толку горди“ – рече Аманда.

Read More
NBA

Џон Холингер од „Атлетик“ ги наведе потенцијалните казни според Член XIII од Уставот на НБА што комесарот на лигата би можел да им ги изрече на Кавај Ленард и „Клиперс“ за нелегални финансиски договори. Можни казни за играчот: Раскинување на договорот и забрана за потпишување на нов со Клиперс. Враќање на парите добиени од Aspiration. Казна до 350 илјади долари. Можни казни за клубот: Казна до 7,5 милиони долари. Губење на неколку избори на драфтот. Дисквалификација на сопственикот Стив Балмер или други менаџери до една година и казни до 1 милион долари за секој од нив

Read More