Тренерот на фудбалерите на Интер, Кристијан Киву, рече дека неговиот тим ги неутрализирал добрите страни на Ајакс и затоа победи на гостувањето во Амстердам во првото коло во Лигата на шампионите.
„ Денеска покажавме зрелост. Не му дозволивме на противникот да се наметне во нашата половина“ – рече Романецот.
„Сакав да ја задржам формацијата 3-5-2 бидејќи фудбалерите се навикнати. Значајно е да ја вратиме самодовербата“ – потенцираше тренерот на Интер.

