Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Интер, Кристијан Киву, беше задоволен од минималната победа против Сасуоло . „Одигравме навистина добар натпревар и дефинитивно ја заслуживме победата. Погодокот на гостите не влијаше на нашата игра до крајот на мечот“ – рече Киву. „Мислам дека тимот може да напаѓа подобро. Имавме можности да ја обезбедиме победата порано но, нивниот голман бранеше одлично“ – рече тренерот на „нероаѕурите“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Лацио, Маурицио Сари, вели дека неговите избраници не заслужија да го загубат градското дерби со Рома во рамките на „Серија А“. „Бевме подобар противник во првиот дел но, не реализиравме неколку шанси.  Одигравме добар натпревар. Жалам за нашите навивачи бидејќи не го заслуживме поразот“ – рече Сари. „Во првиот дел немаше никаков сигнал дека можеме да го загубиме мечот“ – рече тренерот на „римските орли“.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Евертон, Дејвид Мојс, не крие дека е разочаран по поразот на гостувањето кај шампионот, Ливерпул, со 2:1 во рамките на 5-то коло во Премиер-лигата. Тој ја израмни лошата серијата на Сер Боби Робсон од 23 последователни гостувања на стадионот- „Енфилд“ без победа. „Првиот гол на Ливерпул беше одличен. Ние не започнавме добро. Мислам дека во вториот дел можевме да добиеме повеќе. Не ни беше таков планот“  – потенцираше Мојс.

Read More

Медиумите во Англија неведуваат дека тренерот на фудбалерите на Вест Хем, Грим Потер, може да добие отказ по серијата на лоши резултати во Премиер лигата. „Чеканите“ во пет кола имаат само една победа и дури четири порази. Последниот дојде од Кристал Палас во текот на викендот. „Мирор“ наведува дека челниците на лондончани имаат список со неколку имиња што може да го заменат Потер. На истиот се ставени: Нуно Еспирито Санто, Славен Билиќ,  Гери О’Нил  и Шон Дајч кои во моментов немаат ангажман.

Read More

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на W75 турнирот во Куршумлијска Бања. Таа денеска на убедлив начин ја совлада Анастасија Золотарева со 2-0 во сетови (60 63) за 75 минути игра. Првиот сет македонската тенисерка го доби на убедлив начин без противничката да и одземе гем. Во вториот сет Ѓорческа направи брејк во четвртиот гем и со тоа дојде до предност од 3:1, а потоа и со 4:1 и таа предност од три гема ја зачува да крајот на мечот. Во четвртфиналето утре македонската тенисерка ќе игра против Лили Тагер од Австрија која со 2-0 (64…

Read More

У.О. на ФФМ донесе одлука со која се утврдуваат цените на влезниците за натпреварот помеѓу А репрезентациите на Македонија и Казахстан од квалификациите за СП 2026. Цените на влезниците изнесуваат 300,00 денари за западната трибина на Националната арена „Тодор Проески“. 400,00 денари е цена на билет за јужна трибина (блок 1, 2, 5 и 6) и северна трибина (блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24). 500,00 денари е цена на влезница од Прва категорија, северна трибина (блок 21 и 23) и јужна трибина (блок 3 и 4); Фудбалската федерација на Македонија ќе им овозможи бесплатен влез на источната трибина…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација падна за едно место на ранг листа ФИФА и сега ја има 63-та позиција. Нашата селекција во изминатиов период славеше против Лихтенштајн во квалификациите за Мундијалот и загуби од Саудиска Арабија на пријателски меч во Чешка. Шпанија е нов лидер пред Франција и светскиот шампион, Аргентина . Во Топ 5 влегуваат и Англија и Португалија.

Read More

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, зборуваше за улогата на неговиот тим во елитата на Европа. Италијанскиот клуб денеска ќе се соочи со Сити во првото коло од новата сезона. „ Доаѓањето во Манчестер по освојувањето на Скудетото е извор на гордост. Историјата на Сити зборува сама за себе. Тие се врвен клуб со врвен менаџер“ – рече Конте. „Сакаме да разбереме како напредува процесот што го започнавме во изминатата година“ – рече главниот тренер на Наполи.

Read More

Медиумите во Италија објавија дека челниците на фудбалскиот состав Јувентус сакаат да го ангажираат Бернардо Силва. „Тутоспорт“ објави дека менаџерите на „старата дама“ од Торино размислуваат да го потпишат играчот од средниот ред на Манчестер Сити во летото во 2026 година. Тие наводно, стапиле во контакт со претставниците на Португалецот за да ги дознаат неговите услови.

Read More

Бранителот на пехарот во Лигата на фудбалските шампионите, ПСЖ, имаше убедлив старт на новата сезона. Францускиот тим предводен од клупата од Луис Енрике, славеше на стадионот – „Паркот на принцовите“ против италијанската Аталанта со сигурни 4:0. Шпанскиот стратег вели дека е исполнета првичната цел. „Започнавме силно благодарение на нашиот стил. Сите знаевме колку е значајно да стартуваме со победа“ – рече Енрике.

Read More