Тренерот на фудбалерите на Интер, Кристијан Киву, беше задоволен од минималната победа против Сасуоло .
„Одигравме навистина добар натпревар и дефинитивно ја заслуживме победата. Погодокот на гостите не влијаше на нашата игра до крајот на мечот“ – рече Киву.
„Мислам дека тимот може да напаѓа подобро. Имавме можности да ја обезбедиме победата порано но, нивниот голман бранеше одлично“ – рече тренерот на „нероаѕурите“.

