Author: dino

Марк Маркез по шест години повторно ќе го подигне победничкиот пехар во Мото Гран При серијата откако направи недостижна предност во однос на конкурентите. Шпанецот ја обезбеди титулата во 2025 година со второто место на трката Големата награда на Јапонија, кое го освои неговиот колега од Дукати, Франческо Бањаја.На подиумот денеска се искачи и Жоан Мир, за кого тоа е прв пласман на подиум со тимот на Хонда. Во топ 10 влегоа: Марко Безеки , Франко Морбидели, Алекс Маркез, Раул Фернандез, Фабио Куартараро, Јоан Зарко и Фермин Алдегер. На пет трки до крајот на сезоната, Марк Маркез има недостижна предност…

Read More

Познатиот француски тренер, Лоран Блан, го напушти кормилото во екипата на Ал-Итихад. Тој во претходната сезона успеа да го однесе тимот до шампионската титула во Премиер лигата на Саудиска Арабија. Веста објавена на социјалните мрежи на клубот доаѓа само еден ден по поразот од Ал-Наср во дербито на колото. Улогата на времен тренер ќе му биде доделена на капитенот, Хасан Халика а негов прв помошник ќе биде актуелниот тренер на екипата до 21 година. Тие ќе го водат Ал-Итихад додека не се назначи нов постојан главен тренер.

Read More

Претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулајем, се изјасни против зголемување на бројот на спринт трки во календарот на Формула 1. Догодина ќе има шест а се очекува од 2027 тие да се зголемат на 10 а потоа да дојдат до 12. „Прво, таквата промена би го зголемила работното оптоварување на персоналот на ФИА. Исто така мора да се запрашаме дали зголемувањето на спринтовите би било добро за тимовите од Формула 1.“ – рече Сулајем. Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, неодамна рече дека се можни понатамошни промени во форматот на викендите.

Read More

Екипата на Реал Мадрид потврди дека капитенот, Даниел Карвахал, се повреди на вчерашното градско дерби со Атлетико и дека ќе мора да паузира околу еден месец. Карвахал има кинење на мускулот на десната нога. Тоа значи дека искусниот десен бек најверојатно ќе биде надвор од игра за дербито против Барселона на 25 октомври. Во таборот на „белите“ во наредниот период ќе ги нема и Трент Александар-Арнолд и Едер Милитао. Сите тројца нема да патуваат за Казахстан за пресметката во  вторник во Лигата на шампионите против Каират.

Read More

Легендарниот фудбалер на Германија, Руди Фелер, ќе се повлече од функцијата спортски директор на репрезентацијата на „панцирите“ откако ќе му истече тековниот договор на крајот од Евро 2028. Тој ја презеде функцијата по испаѓањето на тимот од групната фаза на Светското првенство во Катар. „Двапати го обновив договорот, но ќе се повлечам по летото 2028 година“, изјави тој за списанието „Штерн“. Фелер беше селектор на Германија во 2002 година кога во финалето на Мундијалот загуби од Бразил со 2-0.

Read More

Напаѓачот на ПСЖ, Усман Дембеле, кој ја освои „Златната топка“ за изминатата сезона, рече дека очекувал да го подигне признанието иако имал силна конкуренција. „Кога ќе ги освоите речиси сите трофеи, Лигата на шампионите а тоа е важно во сезона кога нема Светско првенство или Европско првенство и имате добра индивидуална статистика, тогаш мислам дека сте меѓу петте најдобри играчи во светот.“ – рече Дембеле. „Не би рекол дека беше неочекувано, бидејќи во почетокот на секоја сезона моите пријатели секогаш ми велат дека би можел да бидам на списокот на кандидати за Златната топка. На крајот на краиштата, сезона како…

Read More

Главниот тренер на Панатинаикос, Ергин Атаман, сака еден ден да работи со големата грчка кошаркарска ѕвезда, Јанис Адетекумпо, кој игра за Милвоки. „Јанис е најразновидниот играч во НБА . Може да игра како бек, да трча брзо, да шутира од рекетот, да постигнува кошеви и да се брани. Тој е играч кого навистина го почитувам.“ –рече тренерот на Панатинаикос. Ќе потсетиме дека Адетекумпо беше вклучен во најдобрата петорка на последното Европско првенство додека Атаман беше прогласен за најдобар селектор.

Read More

Капитенот на Флорида Пантерс, Александар Барков, би можел да ја пропушти целата регуларна сезона во Националната хокеарска лига (НХЛ) поради проблем со коленото. Тој се  повреди во четврток за време на првиот официјален тренинг и веднаш беше опериран, потврди тренерот, Пол Морис. Тој веројатно нема да игра за репрезентацијата на Финска на Олимписките игри Милано-Кортина во февруари 2026.

Read More

Светскиот шампион во Мото ГП, Хорхе Мартин, ќе биде опериран в понеделник во Барселона, објави тимот на Априлија по спринтот во Мотеги во Јапонија. Возачот падна на денешниот спринт и  го повреди десното рамо. Во медицинскиот центар на патеката беше утврдено дека има фрактура на десната клучна коска и утре ќе замине за Шпанија.   Тоа значи дека светскиот шампион ќе ја пропушти Големата награда на Индонезија закажана во почетокот на октомври.  

Read More

Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Винсент Компани, го коментираше рекордот на Хари Кејн, кој го постигна 100-от гол за клубот побрзо од кој било друг играч во Топ 5 лигите во Европа во 21 век. „Тоа беше уште еден одличен момент за Хари Кејн. Начинот на кој стигна до овој рекорд и колку напорно продолжува да работи за тимот зборува многу за неговата желба“ – рече Компани. „Кога некој ќе излезе и морам да го заменам со друг, не мислам дека треба да очекувам ништо помалку“ – рече белгискиот специјалист.

Read More