Напаѓачот на ПСЖ, Усман Дембеле, кој ја освои „Златната топка“ за изминатата сезона, рече дека очекувал да го подигне признанието иако имал силна конкуренција.
„Кога ќе ги освоите речиси сите трофеи, Лигата на шампионите а тоа е важно во сезона кога нема Светско првенство или Европско првенство и имате добра индивидуална статистика, тогаш мислам дека сте меѓу петте најдобри играчи во светот.“ – рече Дембеле.
„Не би рекол дека беше неочекувано, бидејќи во почетокот на секоја сезона моите пријатели секогаш ми велат дека би можел да бидам на списокот на кандидати за Златната топка. На крајот на краиштата, сезона како оваа е исклучок“, рече голгетерот на „светците“.

