Марк Маркез по шест години повторно ќе го подигне победничкиот пехар во Мото Гран При серијата откако направи недостижна предност во однос на конкурентите.
Шпанецот ја обезбеди титулата во 2025 година со второто место на трката Големата награда на Јапонија, кое го освои неговиот колега од Дукати, Франческо Бањаја.На подиумот денеска се искачи и Жоан Мир, за кого тоа е прв пласман на подиум со тимот на Хонда.
Во топ 10 влегоа: Марко Безеки , Франко Морбидели, Алекс Маркез, Раул Фернандез, Фабио Куартараро, Јоан Зарко и Фермин Алдегер. На пет трки до крајот на сезоната, Марк Маркез има недостижна предност од 201 бод пред неговиот брат Алекс и Бањаја.

