Тренерот на Наполи, Антонио Конте, зборуваше за улогата на неговиот тим во елитата на Европа. Италијанскиот клуб денеска ќе се соочи со Сити во првото коло од новата сезона.
„ Доаѓањето во Манчестер по освојувањето на Скудетото е извор на гордост. Историјата на Сити зборува сама за себе. Тие се врвен клуб со врвен менаџер“ – рече Конте.
„Сакаме да разбереме како напредува процесот што го започнавме во изминатата година“ – рече главниот тренер на Наполи.

